15.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаКрадци откопувале гробови во Велес, барале вредни предмети. (Видео)

Крадци откопувале гробови во Велес, барале вредни предмети. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога велешанецот Симон Виларов пред неколку дена дошол на вечното почивалчиште на неговата сопруга, се згрозил од тоа што го видел. Гробот бил откопуван, а оградата искршена. Иако неговата сопруга на гробиштата на црквата Свети Спас во Велес е закопана пред 14 години, Виларов забележал дека земјата е ровита, а гробот до половина откопуван, па затрупан.

<

„Само што дојдов до гробот, видов дека нешто не е во ред. Забележливо беше дека оградата е скршена, а потоа, додека палев свеќа, забележав дека гробот е копан, земјата е ровка, не можев да сфатам за што се работи. Земав едно стапче и буцнав во гробот, тоа пропадна цело во земја, што значи гробот бил ископуван“, рече Симон Виларов, сопственик на гробно место, јавува Батали Нет.

Но, непријатното изненадување продолжило кога Виларов прошетал до околните гробови. Забележал уште најмалку три гробни места, кои биле откопувани, а спомениците искршени. На некои од нив се забележуваат остатоци од мртовечки ковчег, што укажува на тоа дека некој се обидел да дојде до трупот.

За сквернавењто и откопувањето на гробовите, Виларов веднаш ги известил службите од ЈКП Дервен кои стопанисуваат со гробиштата, но и велешката полиција. Тој не го знае мотивот за овој вандализам, но се сомнева дека крадци барале вредни предмети во гробовите. Иако граѓаните кои поседуваат гробни места месечно на Дервен му плаќаат по 60 денари за одржување, велат дека овие гробишта се небезбедни.

“Нема никаква сигурност, никаква заштита на гробиштата. Човекот од ‘Дервен’ се жалеше дека ги напаѓале, некого од нивната служба го натепале, нема никакво осветлување“, рече Виларов.

Од комуналното претпријатие Дервен го потврдуваат случајот, но велат дека гробиштата се под постојан надзор.

„Случајот беше забележан од страна на вработените на гробиштата и пријавен во МВР. Како резултат на тоа, полицијата но и вработените од ЈКП Дервен постојано вршат надзор на гробиштата, така што безбедноста е на високо ниво“, соопштија од ЈКП Дервен.

Ова не е прв инцидент на гробиштата кај црквата Свети Спас. Граѓани постојано се жалат дека гробовите и спомениците се ограбуваат, а често мета на напади и грабежи се и луѓето кои доаѓаат тука. Оградата која треба да ги обезбедува гробиштата на ова место е искината, а забележлива е и дива патека од блиската населба, во која живеат претежно луѓе со социјално загрозен статус. Полицијата направила увид, а оттаму велат дека работат на расчистување на случајот. На истите гробишта пред две години, во обид да спречи грабеж, со неколку куршуми беше застрелан полицаец, кој го преживеа нападот. Сторителите се осудени на затвоски казни, но грабежите и вандализмот продолжија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...