18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНов скандал на Онкологија: На пациентка ѝ кажале дека нема терапија, па...

Нов скандал на Онкологија: На пациентка ѝ кажале дека нема терапија, па откако таа ѝ се јавила на обвинителката веднаш пронашле !!

spot_imgspot_img

Клиниката за радиотерапија и онкологија, утринава повторно ја тресе класичниот скандал со немање лекови од кои што им зависи животот на пациентите. Елизабета Ристовска, која е една од трите претставнички на пациентите кои што имаат увид во предистрагата на Клиниката за онкологија, дошла да ја прими терапијата „Фезго“, што е скапа терапија и чини неколку илјади евра. После час и половина чекање, ја информирале дека „терапија снемало“. Таа веднаш ѝ се јавила на обвинителката во ЈО Скопје задолжена за предистрагата која се води за оваа клиника после што наративот на медицинскиот персонал експресно се променил и ѝ кажале дека „има уште едно Фезго“ и може да го прими. Но, таа одбила. Не се знае за кого терапијата била чувана.

Утринава кога дојдов, првично бев известена дека има „Фезго“. Чекав, но за некое време ме известија дека „Фезго“ завршило. Тоа значи дека залудно чекав неколку часа. Истото се случи и во петокот и во деновите претходно. Гласно и бурно изреагирав во ходникот. Кога се вратив да препрашам, го сменија наративот дека „има едно Фезго ама не знаеме дали е дадено“. Тука се буди тој сомнеж. Имало едно, што значи дека е чувано за некој што ќе дојде специјално да го прими. Ако имало едно немаше да биде кажано јавно дека завршило „Фезго“. Ако нема за сите, нема за никој. Не може да има едно. Еве и да има едно, зошто да го примам јас. Ниту сум привилегирана, ниту сум единствениот пациент на Онкологија. Заедно со мене сигурно чекаат повеќе жени кои на 21 ден треба да ја примаат оваа терапија, изјави Ристовска за „Слободен печат“.

Не е првпат да нема терапија за Ристовска. Во минатото немало Херцептин за неа, па тоа довело ракот да метастазира и на белите дробови. Херцептинот е околу 2.800 евра за една терапија и наместо на 21 ден, нејзе ѝ бил даван со задоцнување.

-Најсимптоматично за моето лекување беше немањето Херцептин што всушност ме доведе до тоа во моментов да примам „Фезго“. Кога примав Херцептин пред година дена го немаше. Требаше да го примам на секои 21 ден, седум пати ми беше одложено. И кога требаше да направам контролен пет-скен и да го ставам во ремисија канцерот, кај мене се случи сосема спротивното, се појавија метастатски промени на белите дробови поради немањето на Херцептинот, додаде Ристовска.

Пациентката Ристовска реши да викне новинарски екипи наместо да го прими лекот. Прашува за кого бил чуван и зошто не се функционира на принципот „прв дојден прв услужен“. Дека скапата биолошка терапија се чувала за пациенти покажа и сведочењето на пациентката Минка Веизовска која што го пријави аптекарот од Дебар К.У. зашто секој пат кога требало да ѝ даде терапија „Кејтруда“ (исто така скап биолошки лек од неколку илјади евра), ѝ барал по 100 евра мито, а во спротивно ѝ се заканувал дека лекот ќе го нема за неа, туку за друг пациент што ќе плати.

Директорката на Клиниката за Онкологија, доктор Виолета Клисаровска за „Слободен печат“ изјави дека недостигот на Фезго што се случува денеска, бил буквално во еден ден, согласно тековното работење на крајот од месецот.

„Направени се нови нарачки за октомври и не се очекува проблем“, изјави доктор Клисаровска.

Додека новинарската екипа на „Слободен печат“ земаше изјава од пациентката Ристовска, ни пристапи и сопругот на уште една пациентка, Фуат Ељези од Гостивар. Тој се пожали дека ќе треба да ја продаде куќата зашто нема „Авастин“ за неговата сопруга која е шест години онколошки пациент. Тој обвини дека лековите нецелосно ѝ била давана терапијата, наместо час и половина, 40 минути течела терапијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...