16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНов музеј на УЧК ќе се гради во Арачиново

Нов музеј на УЧК ќе се гради во Арачиново

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

УЧК ќе добие нов музеј, барем ако се суди според ветувањето на градоначалникот на Арачаиново Ридван Ибрахими. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.

<

Тој објаснува дека допрва ќе треба да се избере локација за музејот и дека за таа намена има неколку места, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.
Сè додека не е избрана локацијата што ми е приоритет, постојат различни форми. Тоа е едно од тие ветувања што ги дадов, на Арачиново му припаѓа музејот на ОНА, Арачиново има историја за големиот придонес што го даде за време на војната – вели Ибрахими.

Ако Ибрахими го реализира ветувањето, тоа ќе биде уште еден музеј посветен на поранешните припадници на ОНА.

Во Арачиново во 2005 година бесправно е изграден меморијален центар за загинатите припадници на поранешната ОНА. Музеј на борците на ОНА или како што е именуван музеј на слободата во 2008 година беше отворен во куќата на Јашар Бег во Скопје, додека пак, како дел од прославата по повод одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, во 2012 година во селото Слупчане беше отворен музејот посветен на конфликтот во 2001 година и на ОНА. Лани во Слупчане беше откриена спомен кула во чест на поранешните припадници на ОНА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...