20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСлавјанка Петровска: Ако побара НАТО можно македонската армија да се вклучи во...

Славјанка Петровска: Ако побара НАТО можно македонската армија да се вклучи во евентуалниот воен конфликт меѓу Русија и Украина.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека е можно македонската армија да се вклучи во евентуалниот воен конфликт меѓу Русија и Украина, доколку тоа од нас го побара НАТО. Според неа, ваквиот потег би бил можен само со согласност од врховниот командант на армијата, претседателот Стево Пендаровски.

<

-Ангажманот на нашата армија се дефинира на конференција за генерирање на сили кои се оддржуваат под Врховна команда на сојузничките сили на НАТО за Европа и секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно можностите. Во моментов имаме обврска и изготвуваме анализи за можноста за потенцијално наше учество во можната деескалација на ситуацијата. Одлуката после ја носи Владата, но и претседателот како врховен командант, рече Петровска во интервју за ТВ Телма.

Министерката го повтори вчера изнесениот став дека Македонија го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Како земја членка на НАТО ја поддржуваме и се залагаме за политика на отворени врати и правото на секоја земја за самоопределување. Во тек се дипломатски преговори за мирно решавање на спорот и таквиот тек го поддржуваме како држава. Засега немаме барање од Русија за некако повлекување на НАТО, како што побараа од Бугарија и Романија, рече Петровска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...