32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаЗабава(Видео) Кина произведе џиновски воен робот на четири нозе

(Видео) Кина произведе џиновски воен робот на четири нозе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кина произведе џиновски електричен робот на четири нозе, а според земјата тој е најголемиот во светот, објави Глобал Тајмс. Кина одамна е позната по тоа што прави огромни напори да стане глобален лидер во роботиката до 2025 година, но и во воената технологија.

<

Робот е бионички, кој иако е голем и гломазен, сепак може да се движи напред и назад, да се врти и да оди дијагонално. Покрај тоа, трча и скока благодарение на 12 сетови зглобни модули. Има сензори за да се снаоѓа во околината и да се прилагоди на различен терен, како скалила, канали, карпи, калливи патишта, пустини, снег и сл. Тој исто така може и да се наоружа, да носи до 160 кг товар и да достигне брзина на движење од 10 км/ч.

Се очекува да ќе биде дел од извидниците во сложените средини, како што се оддалечени погранични региони и многу ризични борбени зони бидејќи може да собира и тактички информации на бојното поле. Тој исто така може да се користи за транспорт на опрема, муниција и храна на различни локации кои се тешко достапни или недостапни со конвенционални возила.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...