20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаЗабаваВидео: Тринаесетгодишниот Ибрахим сонува за трактор и сака да биде земјоделец

Видео: Тринаесетгодишниот Ибрахим сонува за трактор и сака да биде земјоделец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Малку кој може да остане рамнодушен на приказната за момчето Ибрахим Махалбашиќ од селото Маргетиќи кај Нови Травник во БиХ, кое за разлика од неговите врсници има сосема поинакви желби. Овој тринаесетгодишник сака трактор, да биде земјоделец и да ја обработува земјата.

<

„Секој што вели дека нема пари со трактор многу лаже, а секој што вели дека на село без трактор е нула, 100 отсто во право“, вели момчето и додава дека лесно би го совладал возењето, и дека и неговите врсници во селото веќе возат.

Ибрахим живее со мајка му и сестра му, а освен 31 конветибилни марки детски додаток кој не е ни 120 куни, немаат други месечни примања. Неговиот татко починал во 2013 година и тогаш започнале тешките денови за ова семејство.

 

 

Тој вели дека порано имале крава, па полесно преживувале и се надева дека повторно ќе може да си ја дозволи. Не се плаши од работа, па во селото често го викаат да цепи дрва. Сè што заработува го носи во скромниот домашен буџет.

Излезот од ваквата тешка состојба го гледа во земјоделските работи, вели дека во тоа е иднината. Неговите искрени желби ги препознаа граѓаните ширум светот. Веќе еден месец добри луѓе од БиХ и од дијаспората донираат пари за Ибрахим да добие трактор. Сè уште нема собрано доволно, но не ја губи надежта.

Вели дека веќе ја изградил гаражата. Ако не собере доволно пари за трактор, вели дека ќе купи косилка.

„Сакам да инвестирам во куќата, земјоделството, стоката и да се занимавам со тоа“, јасно порачува Ибрахим.<iframe width=”300″ height=”183″ src=”https://www.youtube.com/embed/j4JpuzQi8PA” title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...