29.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаЗабаваСтудентки предизвикале пожар – не знаеле дека шпагети се варат во вода

Студентки предизвикале пожар – не знаеле дека шпагети се варат во вода

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тогаш три американски студентки на размена во Италија запалиле пожар бидејќи се обиделе да зготват шпагети – без вода.

<

Инцидентот се случил на улицата Пеличерија во центарот на Фиренца, а пожарникарите брзо успеале да го изгаснат пламенот кој зафатил дел од кујната. Била повикана и полиција. Трите девојки, се испоставило, купиле тестенини и кога стигнале дома, ги ставиле во тенџере и ја вклучиле плочата. Признале дека не знаеле дека им треба и вода во тенџерето.

Неколку минути подоцна, тенџерето се запалило, поради што морале да се јават во противпожарната служба. Веста за студентките кои не знаеле да готват тестенини брзо се раширила во таа земја, па готвачот Фабио Пичи веднаш се огласил и решил да им даде на студентите четири часа учење како да готват тестенини.

„Како генерација и како Фиренца се чувствувам виновен. Чувствувам дека има силен комуникациски дефицит во овој град. Што им пренесовме на овие девојки кои дојдоа овде да учат и се обидоа да го направат најтипичното јадење од нашата гастрономска култура?Немаме што да се смееме, не е смешно. Решив да им дадам 4-часовен бесплатен курс за италијанско готвење и ги канам на ручек во мојот ресторан“, изјавил готвачот за италијанските медиуми.

Приказната за несреќните студентки сега повторно се појави на 9GAG и насмеа илјадници луѓе. јавува Вечер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...