20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОслободете ги новинарите од Тв Алфа или ќе те убиеме“: Закани до...

Ослободете ги новинарите од Тв Алфа или ќе те убиеме“: Закани до државниот обвинител Јовески

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“, пишува во заканата до Јовески
Државниот обвинител, пак, порачува дека се залудни ваквите закани, и дури тие да се и по живот, како оваа, нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување…

<

Преку препорачана пратка, испратена по пошта од Битола, вчера до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески стигнало писмо со закани по живот. Испраќачот или испраќачите во писмото се претставуваат како терористичка организација и бараат да бидат ослободени од гонење двајцата новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, постапка за која од Јавното обвинителство нагласуваат дека веќе е запрена во декември 2021 бидејќи нема место за гонење од страна на јавен обвинител.

Испраќачот/испраќачите бараат Јовески да го запре гонењето или во спротивно му се закануваат со убиство.

„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се од највисоки еминентни и заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои ќе се борат и ќе ги бранат до последна капка крв како што овие новинари го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо. Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“,

пишува во заканата што вчера стигнала до обвинителот.

До него заканата стигнала во две верзии, едната на македонски и компјутерски напишана, а другата рачно напишана на англиски јазик.

За повеќе детали: ТУКАјавува 360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...