16.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонија30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ИВАН ДОЈЧИНОВ, БОРЕЦ ВО ШПАНСКАТА ГРАЃАНСКА...

30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ИВАН ДОЈЧИНОВ, БОРЕЦ ВО ШПАНСКАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА, УЧЕСНИК НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ИВАН ДОЈЧИНОВ, БОРЕЦ ВО ШПАНСКАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА, УЧЕСНИК НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ И НОСИТЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА 1941.

На денешен ден 1992 година во Скопје починал Иван Дојчинов. Иван ДОЈЧИНОВ–Димче Шпанецот, е роден во Гевгелија на 11 јануари 1909 година.

Бил припадник на Македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија, шпански борец и учесник во Антифашистичката војна.

По професија бил металски работник. По Првата светска војна емигрирал во Аргентина и од 1932 г. станал член на тамошната Комунистичка партија. Подоцна бил член на Секретаријатот на Комунистичка партија на Аргентина (КПА) во Буенос Ајрес, член на Антиимперијалистичката лига на Аргентина, но и соработник на тамошните македонски организации и на весникот “Македонски глас“.

Двеипол години минал по аргентинските затвори. Како доброволец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939), бил член на Комунистичката партија на Шпанија (КПШ), трипати бил рануван и војната ја завршил како капетан. По престојот во концентрациони логори во Франција, во 1941 г. се вклучил на антифашистичката борба на македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија како инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ во Гевгелија и како член на Воената комисија на Месниот комитет во Гевгелија.

Во 1941 г. бил член и на Покраинскиот воен штаб, а во мај 1943 г. бил командант на Мавровско–кичевскиот партизански одред. Подоцна бил командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, член е и заменик–командант на Главниот штаб (ГШ) на НОВ и ПОМ, заменик командант на Третата македонска бригада, на дивизија и на корпус. Бил учесник на Првото и на Второто заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето ја завршил Воената академија “Фрунзе” во Москва, а по враќањето во 1948 г. со чин потполковник бил командант на Валевската воена област и началник на Оперативното одделение на Петтата армиска област. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото, бил уапсен кон крајот на 1950 г. и осуден на 9 години строг затвор и на 3 години ограничени права. Казната ја издржувал во затворот во Билеќа, Босна и Херцеговина (март 1952 – 1954), на Голи Оток и во Казнениот затвор во Белград, а потоа бил помилуван и ослободен во 1956 г.

Се вработил во Металскиот завод во Скопје, но бил под сомнение и пак бил уапсен во јуни 1958 г., а по шест месеци бил ослободен како невин и емигрирал во Бугарија. Подоцна, пак се вратил во Скопје. Бил носител на Партизанска споменица 1941. Починал во Скопје на 29 јануари 1991 г.
Tv Nova

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...