4 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасија за да го „преживее“ локдаунот во Лондон, ја отворила книгата со...

Спасија за да го „преживее“ локдаунот во Лондон, ја отворила книгата со рецепти на нејзината баба од Македонија, сега ја прави најдобрата македонска храна во градот.

spot_img

Лондонската готвачка Спасија Динковски која ги користела рецептите на нејзината покојна баба за да го „преживее“ локдаунот, сега ја прави најдобрата македонска храна во градот

Спасија Динковски е родена во Велика Британија од родители Македонци и за англиските медиуми вели дека е потешко отколку што се мисли да се биде и едното и другото. „ Јас сум балканска-Британка, нешто што штотуку почнав да го кажувам минатата година, а причината зошто ми требаше толку долго да се решам за тоа е затоа што е прилично исцрпувачки секогаш да се дебатира.

 

Со нешто толку ранливо како што е културниот идентитет, секогаш се преиспитувате себеси и вашите чувства кога другите луѓе се обидуваат да ве дефинираат или сте помалку од ова или повеќе од тоа. Тешко е да се одговори на тоа прашање кога некој ќе ве праша од каде сте, кога во мојот случај, не сте сигурни како ќе реагираат.

 

Ова се сведува на политички прашања и на земја која има свој идентитет кој е отворен за дискусија или обид да се оправда, но јас учам како да бидам навистина горда на двете….Јас сум малку од двете и сакам да го прославам тоа. За мене е тоа моќно затоа што е потешко отколку што мислите да се биде и двете, премногу Британка за Македонија, премногу Македонка за да бидам Британка, наоѓам сила во тоа што стојам во својата сопствена средина“, вели Спасија во интервју за mothertonguetv.com.

Спасија е оснивач на Mystic Borek, балканска кујна која стана една од светлите точки на лондонската поп-ап сцена.

Нејзиниот најпопуларен производ е бурекот, а идејата за името потекнува од Mystic Pizza, филм со Џулија Роберт од 80-тите.

„Претпоставувам дека и пицата и бурекот за мене се нешто што асоцира на врски и на пријателство“, вели Спасија.

Инаку, најголемо влијание врз храната во нејзиниот живот вели дека имала нејзината баба Славка од чија тетратка со рецепти започнало сѐ.

Кога дошло до локдаунот во 2020 година – како и многу луѓе во индустријата за храна и пијалаци – Спасија била принудена да преживее.

Но, хаосот на пандемијата ѝ помогнал и да размисли за односот со нејзината баба и, конечно, ѝ дозволил да ја отвори книгата за готвење – што набрзо било проследено со започнувњето на нејзиниот бизнис.

„Дефинитивно ми недостигаше повеќе отколку што ми недостасуваше многу долго време претходно, бидејќи мислев: „О боже, само сакам да разговарам со неа за тоа што се случува“.

Се чинеше дека светот завршува. И јас одбивав да ја отворам нејзината книга со рецепти до тој момент. Ми требаа неколку години за да го направам тоа.

Тоа е чудно бидејќи сè беше навистина хаотично, но ние стоевме во место. Се чувствував смирено на некој начин, така што се чувствував како да сум подготвена да го отворам. Ајде да видиме што можам да направам со ова.

Но, јас не го отворив со мислата дека ќе започнам бизнис со „бурек“. Тоа не беше мојата намера“.

Со само 80 отсто од нејзината плата, Спасија вели дека „не знаела како ќе преживее“.

„Не беше убаво, навистина не беше убаво“, продолжува таа.

Кога луѓето почнале да прашуваат дали можат да ја купат нејзината храна, тоа бил моментот кога си рекла дека можеби треба да започне бизнис.

„ Целиот овој проект започна со тоа што ја отворив тетратката со рецепти на баба ми во јули 2020 година, гладна за нејзината слоевита пита со сирење и јајца, која ме дочекуваше на маса секогаш кога ќе дојдев да ја посетам во Македонија.

Почнав да правам тестер пити и слоевити и валани, користејќи различни техники кои ми ги пренесоа жените во моето семејство. На крајот дојдов до мој рецепт за бурек, користејќи ги советите на постарите во семејството и моето 15-годишно искуство во прехранбената индустрија.

Почнав да поставувам слики на Инстаграм и добив неколку пораки од пријатели или пријатели на пријатели кои прашуваа колку чини тоа“, раскажува Спасија.

Таа се свртела кон платформата за да им дозволи на странците да ги тестираат нејзините рецепти од наследството на баба ѝ: „Поинаку е кога твоите пријатели и семејството ги пробуваат. Се прашувате дали се навистина добри“, вели Спасија која сега може да биде сигурна дека нејзините пријатели биле искрени, бидејќи повратните информации што ги добила од нејзината првична објава, натпревар во кој пет луѓе ќе освојат бурек, биле толку силни што таа веднаш составила мени врз основа на тестирањето врз пријателите во текот на летото, го регистрирала својот бизнис и „Бум! Станала ова што е сега!

Сликите од овие буреци кои Спасија почнала да ги објавува на Инстаграм започнале метеж кој за неколку недели се претворил во сегашното лудило.

„Работејќи од дома и со домашна печка со две полици, потрошив 5 месеци продавајќи бурек преку Инстаграм и уредувајќи пунктови за собирање низ Лондон. Мојот капацитет сега порасна, но сè уште го правам сето тоа сама и секоја пита се витка рачно од мене, користејќи свежи и сезонски филови.

Иако ова започна како проект за понатамошно зацврстување и зачувување на мојот сопствен културен идентитет, тоа е претворено во начин да им дадам на другите луѓе можност да создадат свои спомени!

Сега можете да нарачате пити, додатоци и балкански закуски за испорака во Лондон, како и да дојдете заедно на еден од моите поп-ап прозорци – пријавете се преку страницата за контакт за да дознаете кога можете да нарачате и каде ќе готвам следно!“, порачува Спасија на страницата на Мистик Бурек.Таа за порталот https://www.mylondon.news објаснува: „Традиционално, бурекот се прави со сирење, со месо или со спанаќ, а во зима со зелка. Сега има некои продавници за бурек во Македонија кои прават нешто со вкус на пица. Но, не се фаќајте за тоа затоа што – не би рекла дека луѓето таму се заглавени во времето, но како земја, тие ги отфрлаат западните идеали.

На пример, КФЦ или Мекдоналдс не успеаја таму. Се обидоа и затворија за еден месец бидејќи храната што ја добивате таму е многу подобра. И мене ми се допаѓа тоа. Знам дека е сосема поинаку од она што го правам јас, но навистина ја почитувам храната што никогаш не се менува“.

Ова зачувување на нивната културна кујна доведе до некои уникатни јадења, дури и ако тие не се мејнстрим во нашиот главен град“.

Спасија продолжува велејќи дека на балканската храна, дефинитивно ѝ треба момент.

„Мислам дека многу луѓе или не знаат што е тоа или едноставно го заменуваат со нешто друго. Има многу луѓе кои велат: „Ох, тоа е како полска храна, нели?“ Не, тоа не е ништо како полска храна.

Значи, тоа е неистражен регион за многу луѓе“.

Авторот на текстот вели дека додека Македонија може да ги задржи традиционалните буреци, Спасија е сепак лондонски готвач – а експериментирањето е името на нејзината игра.

Тој го опишува своето искуство од моментот кога првпат го пробал бурекот на Спасија која во тоа време работела во ресторан во Саутворк.

„Целото јадење беше ремек-дело. Додека голем дел од заслугите паѓаат во скутот на Спасија, нејзината баба Славка исто така заслужува внимание. Ова се семејни рецепти, пренесени од нејзината баба во форма на готвач.

Инаку, книгата за готвење на нејзината баба содржи повеќе од само рецепти за бурек. За повеќе детали може да прочитата на „Арт кујна“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...