6.2 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаСветлана Георгиевска: Уморна сум веќе, да не ми е синот, ќе си...

Светлана Георгиевска: Уморна сум веќе, да не ми е синот, ќе си го одземев животот!

spot_img

Светлана Георгиевска потекнува од Одеса, Украина. Има педесет и две години. Пред триесет години се заљубила во својот сопруг, па поради таа љубов, доаѓа тука во нашата земја. Имала многу добар брак – ќе каже низ насмевка, секогаш кога ќе се присети на својот сопруг. Чиниш сè уште е заљубена во него како пред три децении. Единствен недостаток во тој брак е што тој траел прекратко. Нејзиниот сопруг ја остава во една неочекувана голгота, сама да се бори во туѓа земја, заедно со нивниот малолетен син.

– Љубовта меѓу нас беше голема. Имавме големи планови. Ништо не исполнивме. Пред да почине, маж ми беше во Црна Гора. Напорно работеше, печалеше пари за да може да купиме куќа. Но, плановите не ни се исполнија. Тој набрзо почина пред очите на нашиот малолетен син. За него ми е и најмногу жал, која траума било тоа за него. Некогаш во ноќите доаѓаше кај мене и ме слушаше дали дишам. Се плашел кутриот и јас да не заминам, и да го оставам сам-започнува низ солзи да ја раскажува својата приказна оваа напатена жена.

Луѓето си ги покажуваат своите вистински лица кога ќе забележат слабост кај другите. Така, Светлана, само два месеци по смртта на сопругот, заедно со малолетно дете ќе биде исфрлена на улица, во странска земја и без поддршка од најблиските.

– Станот во кој живеевме со сопругот и синот беше на име на девер ми. Тука живееше и свекрва ми. Од прв ден не ме сакаа, зашто потекнувам од друга земја. Во тие најтешки мигови за нас, ми рекоа, мораш да си одиш. Овој стан мораш да го напуштиш. Среќа имав некој денар што ми остави сопругот што работеше и штедевме за куќа, па, излегов под кирија и продолжив да живеам. Но, не беше лесно-се присеќава Светлана.

Денес, тешко живеат семејства во кои се вработени сите членови. Ова семејство од мајка и син, единствена егзистенција вади од подрумскиот простор кој го зеле под кирија, и во кој Светлана професионално шие облека последниве години. За жал, тој подрумски простор е и местото во кое после завршување на службениот дел, започнува нивниот приватен живот, зашто тие немаат пари да изнајмат стан во кој ќе живеат како луѓе.

– По професија сум шнајдерка. Шијам облека. Веќе петнаесет години држам дуќан во населбата Карпош во Скопје. Морав да се жртвувам и по цели денови да работам за да обезбедам храна и средства за живот за мене и мојот син. Тој мораше да учи. Имаше цели, амбиции. Сакаше да заврши средно училиште, па да оди на факултет. Не можев да бидам вистинска мајка и да поминувам повеќе време со детето. За тоа денес најмногу жалам-плачејќи раскажува Светлана.

Ваков живот оваа кревка жена живее веќе подолго време. Влагата, темнината, стресот и стравот веројатно се и причините поради кои таа веќе почнува да стравува за здравјето.

– Кога започна пандемијата, падна и работата. Луѓето се плашеа од дома да излезат, а не да шијат. Најмногу пари сум вадела од свадби и матурски прослави. Со години тоа веќе го нема. И јас и синот, осудени сме да мизеруваме. Ако дојде некој за нешто да му се скрати, некоја корекција, да извадам колку за леб. Така со години. Не можам да дозволам и да плаќам кирија за дуќанот, и кирија за стан. Не можам да го издржам тоа финансиски. Затоа во овој подрумски простор сум осудена да печалам и да живеам. Тука спијам, тука се бањам, тука јадам. Постојано се будам и заспивам со солзи. Не можам ниту да спијам. Не знам што ми носи новиот ден. Наутро се прашувам што ми носи новиот ден. Дали денес ќе имам за парче леб?!

Да не ми е синот, ќе си го одземев животот. Веќе не можам да продолжам. Се изморив. Дознав и дека имам онколошки проблеми. Морам да одам на испитувања. Ако ми се случи мене нешто, што ќе биде со син ми?! За тоа најмногу се плашам. Не смеам да помислам да се разболам-вели Светлана.

Светлана има семејство во Украина. И таму каде најмногу сака да си ја испразни душата, не смее зашто мајка и е многу болна и не смее да знае за проблемите на ќерка си, за да не и ја влоши ситуацијата. Четиринаесет години поради финансиски причини не била да ја посети родната земја и сите сакани луѓе кои и живеат таму.

Мајка ми имаше мозочен удар и не смеев да и ги кажам моите проблеми. Не смее да дознае, зашто и неа ќе ја изгубам. Ако и се случеше нешто, немаше да можам да ја видам за последен пат, ќе немав со што на погреб да и отидам – со последни сили кажува Светле.

Кров над глава, сигурноста во животот, подобра работа, дополнителна, сигурна заработувачка би биле спас во оваа нејзина безизлезна ситуација.

Сите што сакаат да помогнат на ова семејство, тоа можат да го направат на телефонскиот број 070/587 727 или на следната жиро-сметка 200002342315187 Стопанска банка.

Автор Оливера Петрушевска Приказна Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...