16.9 C
Ohrid
недела, мај 11, 2025
ПочетнаМакедонијаРекорден отстрел на диви свињи последните два викенди во Кичевско

Рекорден отстрел на диви свињи последните два викенди во Кичевско

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Енормниот пораст на бројот на диви свињи во кичевијата, последните два викенди резултира со рекордна бројка на отстрелани диви свињи на две ловечки друштва од општината. Така ловечко друштво од Рабетинска Река пред две недели отстрела осум диви свињи, додека следниот викенд ловечко друштво од Копачијата го надмина овој рекорд и отстрела дури 11 диви свињи од различна возраст и големина, јавува Тв21.Мк

– Последните две-три години просто сме зачудени од бројноста на дивите свињи во природата, кои ги има во толку голем број што повеќе не се плашат да прошетаат низ селата и среде бел ден, а за штетите врз земјоделските култури што ги направија изминативе две години, не треба ни да зборуваме, бидејќи во повеќе села од кичевско-пласничкиот регион кај одредени земјоделци штетата беше целосна, а се стравува дека поради зголемениот број во природата, штетите во наредните години да бидат уште поголеми, вели Даме Петрески, ловџија од Кичевско.

<

Тој нема одговор од каде за толку кусо време енормно се зголеми бројот на диви свињи во природата, дали тие дошле од други региони или можеби наталитетот последниве години е драстично зголемен.

– Секогаш кога се враќаме од лов оваа и претходната зима, се прашуваме од каде за толку кусо време бројот на диви свињи во природата толку многу да се зголеми. Како резултат на екстремниот пораст е и богатиот улов на диви свињи. Речиси да нема ловечко друштво кое од лов нема да се врати со барем два-три примероци отстрелани диви свињи, додава Петрески, потенцирајќи ги последните два викенди со рекорден отстрел на диви свињи.

Последните два викенди се бележи рекорден отстрел на диви свињи на две ловечки друштва. Првото ловечко друштво од село Козичино отстрела осум диви свињи. Како што велат самите ловџии во планината налетале на глутница од над 100 диви свињи и можело да се случи бројката на отстрелани диви свињи да биде и многу поголема.

Петрески нагласи дека уште побогат лов минатиот викенд имале ловџиите од Другово и околните села, кои на ловиштето во месноста Турла и селата Цер и Црско, во еден ден отстрелале дури 11 примероци на диви свињи.

Тој предлага и мерки со кои би се намалила бројката на диви свињи во природата и штетите што би ги чинеле во натамошниот период.

– За да се намали бројот на диви свињи би предложил да се продолжи периодот за лов на барем уште еден викенд, што ќе придонесе бројот на свињи да се намали. Исто така, да не се лимитира бројот на отстрелан дивеч во една ловна сезона на 120 единки, туку да се отстрелаат многу повеќе, што ќе придонесе да се избалансира нивниот број во природата. Овие мерки се надевам дека ќе ги дадат очекуваните резултати, вели ловџијата.
Јавува Тв21.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Турски државјанин со капак од шахта се обидел да убие сограѓанин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство...

Убиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката се е во нконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“. Околу...

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...