9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаБитолчанецот Зика се заканувал дека покрај Рускоска ќе го убиел и Габриел...

Битолчанецот Зика се заканувал дека покрај Рускоска ќе го убиел и Габриел Ескобар и други американски дипломати

Основното јавно обвинителство од Прилеп донесе наредба за започнување на истрага против 56-годишниот Стевче Зика од Битола, осомничен за кривично дело загрозување лица под меѓународна заштита и две кривични дела загрозување на сигурноста.

На 11.12.2021 година, во рачно напишано писмо на англиски јазик, осомничениот се заканил дека ќе го убие Габриел Ескобар, помошник секретар во Стејт департментот на САД за надзор на политиката во државите на Западен Балкан, како и други американски дипломати. Писмото го адресирал до Амбасадата на САД во Скопје и истиот ден го испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп.

Истиот осомничен, во периодот од 20.12.2021 до 22.12.2021 година, во два наврати, преку рачно напишани писма на англиски јазик, упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетената Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Двете писма ги испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, при што првото го адресирал до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а второто до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
На 17.01.2022 година осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетениот Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во писмо адресирано лично до оштетениот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и испратено преку редовна пошта во АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, осомничениот упатил директни закани по живот.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, за кого постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​​

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...