15.9 C
Ohrid
сабота, октомври 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСаше Политико: Бугарите гинеле за нас!

Саше Политико: Бугарите гинеле за нас!

Новинарот и сопственик на сајтот Мактел, Саше Ивановски-Политико во своја колумна напиша дека УДБА навистина имала маестрална пропаганда, бидејќи успеала да ги скара двата најблиски народи на Балканот во век и веков.

Според Ивановски Бугарите единствени ни понудиле помош кога сме се бореле за независна држава и гинеле заедно со нас.

Ивановски вели дека ние ги мразиме Бугарите само затоа што не сметаат за браќа, што не е случај со Србите, со кои исто така имаме отворени прашања, но тоа не ни смета за да ги сакаме.

Во продолжение прочитајте ја неговата колумна во целост:

Навистина е маестрална пропаганда да успееш да ги скараш двата народа кои се најблиски на балканот. И тоа да ги скараш за век и веков.

Ние ги мразиме БУгарите, единствениот народ кој решил да гине со нас за да се ослободиме и бидеме независна држава. Никој друг народ не ни понудил помош.

Бугарите не само што дале пушки и пари за илинденското востание туку и лично учествувале во битките и гинеле на полињата заедно со нас.

И ние сега ги мразиме како најголеми душмани?!?! Само затоа што велат дека сме браќа и не сакаат како браќа?

Мора да им се скине капа на мешетарите на УДБА, ваква завера да ти успее, да го испереш мозокот на цел народ со книги со филмови со медиуми и Македонците најмногу да ги мразат баш своите браќа со кои заедно кревале востанија и гинеле на боиштата е навистина неверојатен маестрален пропаганден триумф.

Никој не е рамен на пропагандата на УДБА, веќе 30 години не постои во реалност, а последиците се со тек на време посилни наместо да слабеат. Се уште Тито го сметаме за хуманист и голем лидер а човекот бил де факто диктатор кој владеел како крал и полнел затвори и уништувал човечки животи и се уште ги мразиме БУгарите и ги навредуваме и се гадиме од нив, од своите браќа кои толку многу пати во историјата ни помогнале.

Ни помогнаа да го кренеме Илинденско востание, не ослободија од српското ропство, па ни помогнаа да ги избркаме Германците, па потоа во 1991-ва први не признаа, во 2001-ва ни дадоа оружје откако не нападна Косово, потоа ни дадоа 100 000 пасоши за да можат нашите луѓе да работат ширум Европа и да донесат дома милијарди евра без кои кој знае како ќе преживеевме.

Време е да се бориме со таа УДБА пропаганда која се уште дрма во земјава, време е таа пропаганда да ја испратиме во историјата за конечно да не бидеме најголеми непријатели на најблискиот братски народ а тоа се БУгарите.

Зошто да немаме ист однос кон Бугарите каков што имаме кон Србите? И Србите ни направиле грешки и штета во одредени моменти во историјата па сме им простиле? И сега со Србија имаме некои недоразбирања па тоа не ни смета да се сакаме? Зошто со Бугарите да не биде така? Зошто мора со Србите да се сакаме а со Бугарите крвно да се мразиме?!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечно ќе го паметиме по песната Дебрцо ти си борбена- На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски.

На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски. Важеше за посветен учител, но и риболовец и ловец. Песната го одбележа неговиот...

Кривична пријава за екс директорот на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Галичица“ Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од селото Велмеј, општина Дебрца, и З.Ж.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонскиот каратист Дејан Недев освои бронзен медал во кати на светскиот карате шампионат во Аргентина

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати поединечно на ИКУ светскиот карате шампионат кој се одржува во Буенос Аирес, Аргентина. Недев во...

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка,...