25.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСточарот од пехчевско повикан на распит поради видеото во кое Анима Мунди...

Сточарот од пехчевско повикан на распит поради видеото во кое Анима Мунди го обвинува за малтретирање домашно животно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сточарот Александар Мачевски во чиј дом беше снимено видео поради кое здружението „Анима Мунди” излезе со обвинување за малтретирање на животно, утре е повикан на распит во полицијата. Информацијата ја потврди самиот сточар кој денеска во обраќање до јавноста истакна дека здружението со објавата на видео снимката на својот фејсбук профил и тврдењето дека намерно малтретираат животно, го загрозил угледот на семејството Мачевски, кое со сточарство се занимава од 2006 година. Од 2006 година до ден денеска, јас кога ги продавам јагнињата како традиција организирам прослава. Таа традиција продолжи и во петокот кога ги продадов јагнињата за што ги поканив луѓето кои ми помогнаа да ги товарам јагнињата за продажба. Лично беше поканет како роднина и инспекторот, за да се почестиме што успешно ги продадовме јагнињата. Како дел од традицијата на крајот се свири песната „Изгубено јагне”, татко ми го зема јагнето од шталата го носи врзано на масата, се свири песната, завршува песната и јагнето се враќа во шталата и толку тоа трае адетот 2 минути. И потоа почнаа критики видеото го објави Анима Мунди, презедоа многу портали и имаше многу навреди, вели Мачевски.

<

Со сточарство од ова семејство се занимаваат 10 луѓе кои многу се повредени, со како што вели погрдни зборови кои биле кажани после објавата на Анима Мунди.

– Јас ќе покренам постапка и друга личност од Берово која сама ќе се препознае што ме нарекува „простак” и слично. Години и години ја чувам стоката, јас ако не ја „чувам” стоката, нека дојдат тие од Скопје што навредуваат да видат како се чува стока. Имам поддршка од цела Малешевија и сум на план да закажеме мирен штрајк овде во Малешевијата, а имам поддршка и од сточари од Виница и други краеви. ако ми се нанесе штета после ова ќе продолжиме ќе штрајкуваме ако треба и пред Владата, додава Мачевски.

Ако биде обвинет вели дека ќе ги подмири трошоците, но со ова според него се уништува сточарството и сакаат да им наштетат на чесните семејства.

– На Анима Мунди им порачувам да видат како се стрижат овци, дали со врзани нозе или како се стрижат овци. Пример на 20 мај јас ќе ги стрижам овците, и ако ги врзам овците ќе ме слика некој и ќе речат малтретирање на животно. Не е тоа малтретирање на животно, лично јас имав повреда од животно мене никој не ме заштити. Јас сум љубител на стоката, ќе работам со стоката и секогаш ќе останам на тоа, но со тие критики не, додава Мачевски.

Доколку биде обвинет за како што вели нешто што се практикувало со години и е дел од Малешевската традиција, Мачевски е на план со семејството да се исели од државата, а стоката да ја подари на државата.

Претходно Анима Мунди поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор кој бил присутен за време на снимање на посоченото видео со невиното животно, а реакции со осуда за случката имаше и од страна на министерот Љупчо Николовски и Агенцијата за храна и ветеринарство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...

Охриѓанец продавал марихуана.

Пронајдена дрога во Охрид, лишено од слобода едно лице На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски...