22.9 C
Ohrid
четврток, јули 18, 2024
ПочетнаЗабаваЛиде си ја отвори душата: Скапо го платив кафето со Венко Филипче-...

Лиде си ја отвори душата: Скапо го платив кафето со Венко Филипче- Ме избркаа од работа !!!

Кога на почетокот на пандемијата тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, секојдневно одржуваше пресови за да ги соопшти бројките на заразени и починати од корона, меѓу пораките што ги добиваше беа и оние на извесна Лиде Лиде. Таа постојано го канеше на кафе и со своите шеговити коментари за кратко време се најде во центарот на вниманието. Малкумина тогаш знаеја дека зад Лиде Лиде се крие Лидија Гиновска, која во разговор за „Репортер“ ни откри дека сето ова со министерот почнало од забава, за да си направи да ѝ е интересно.

„Не можев да помислам дека меѓу илјадниците пораки што стигнуваа, некој ќе има време да ги чита сите и да ја види мојата. Кога ги приметиле коментарите луѓето почнаа да бараат да бидам присутна. Па требаше да ги смислувам, затоа што немав во секој момент инспирација. Некои ги обмислував многу однапред“, рече Лиде.

На почетокот не знаела дека постои корона и целата ситуација не ја сфатила сериозно. За Филипче, пак, знаела дека е хирург, ама не и дека во меѓувреме станал министер. Кога го видела првпат на прес ѝ делувал многу сериозен. „Сакам луѓето што се сериозни да ги реметам“ вели Лиде, па затоа и ја испратила првата порака да го покани министерот на кафе. Скоро една година подоцна, го запозна во едно кафуле во Скопје.„Јас како што се шегувам на секое, не верував дека ќе имам толкава трема и дека ќе изгледам како некое прваче и ќе се изгубам кога ќе застанам да му се претставам на министерот. Немавме шанса да разговараме, направивме само селфи. Беше сериозен на почетокот, ама кога кажав дека сум Лиде почна да се смее“, раскажа Гиновска за првата средба и додава: „Мислам дека на сите жени им се допаѓаше, само што не сакаа да кажат јавно“. Ни призна и дека Филиче ѝ оставил поубав впечаток во живо отколку на телевизија.

Но, тоа што почнало како шега за да им е забавно неа и на блиските, на Лидија ѝ донело проблеми на работа, во фирмата за обезбедување. Се соочила со мобинг, а шефовите ѝ забраниле јавно да праќа пораки. „Еден од нив ми рече: ‘Јас ќе се погрижам да не останеш овде’, и после некое време, поради притисоците си дадов отказ“, вели таа.

Низ разговорот ни откри многу работи. Како реагирале новите шефови кога дознале дека е Лиде на Венко, зошто на Инстаграм ги имитира македонските јавни личности и од каде идејата да сними емисија „На кафе со Лиде“. Тука се и песните што му ги посвети на ексминистерот за кои вели дека се исто така направени за забава. „После сè што направив за Венко, мислам дека тој треба да направи прв чекор и да ме удостои со кафе. Да си го исполни ветувањето што го даде јавно. А јас дури и да сум на смртна постела, пак ќе сакам кафе да пиеме“, рече Лиде. Гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме го зафати Скопје: Кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод.

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, дел од кровна конструкција заврши на далновод. Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од...

Украден калашников од полициската станица во Скопје

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ брифираат извори на Порталикс. Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни...

При контрола на ноќен клуб во Тетово пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината...

Бајден е позитивен на ковид-19, ќе паузира од кампањата

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на ковид-19, потврди Белата куќа. Веста е објавена откако Бајден не се појавил на настан поврзан со претседателската...