27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМирчески: Моравме да купиме луксузен кујнски прибор за Владата во износ од...

Мирчески: Моравме да купиме луксузен кујнски прибор за Владата во износ од 37.000 евра, цело време позајмувавме од ресторани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пеце Мирчески, директорот на Службата за општи и заеднички работи, сервисното тело на Владата, вели дека последниот луксузен кујнски прибор е купен во времето кога претседател на државата бил Киро Глигоров.

<

37 илјади евра чини новиот кујнски прибор на Владата кој го набавува Службата за општи и заеднички работи. „Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“, сите три фирми од Скопје. Јавната набавка предизвика големо внимание во јавноста пред еден месец кога беше извесно дека Димитар ковачевски ќе биде нов премиер на местото на Зоран Заев. Договорот беше склучен во ек на енергетска и инфлациска криза.

– Последните вакви чинии се купени во 1996 во времето на Глигоров. Од тогаш наваму таков тип на чинии не се набавени. Тоа е потрошен материјал и срамота е да немаме такви. Тоа се 30 комплети и тоа е најпотребно кога се пречекуваат странски делегации од висок ранг, рече Мирчески за ТВ24.

Тој додава дека досега било срамота ваков прибор да се позајмува од ресторани за дочек на делегации.

– Ако видите на интернет, цената е многу пониска во однос на цената на пазарот ако сакате да купите поединечно, додаде првиот човек на СОЗР.

Ковачевски додека беше мандатар најави дека ќе го преиспита тендерот за набавка на нов прибор во владината кујна доколку не е соодветен на потребите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...