18.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаЗабаваФолк пејачот Спасен ја има најдобрата сопруга: Еве со каков подарок го...

Фолк пејачот Спасен ја има најдобрата сопруга: Еве со каков подарок го изненади за 38-миот роденден.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Спасен Силјановски е еден од најдобрите машки вокали во земјава.

<

Важи за голем професионалец и токму затоа е и еден од најбараните како во земјава, така и во дијаспората.
Спасен е голем париот и секогаш на своите настапи пее само македонска песни, а најмногу ги сака старите традиционални песни.

Активен е и на социјалните мрежи, каде често знае и да упати критики до своите колеги, па можеби токму затоа публиката има впечаток дека е дрзок и бесчувствителен.
Меѓутоа, тој со своите емотивни изведби на песните кои ги пее ги руши сите предрасуди за него.

Негово најголемо богатство и успех во животот е неговото семејство.

Тие му се секогаш на прво место, а често знае и да објави емотивни статуси посветени на неговите деца и сопругата.

„Среќата е релативна работа, некој ја доживува материјално некој духовно. За мене среќата е моето семејство. Пораснат сум во традиционално семејство кое ги почитува традиционалните културни вредности. Среќен сум кога одам дома и кога има кој да ме пречека и испрати. Среќен сум кога ќе ме разбудат во 7 сабајле моите дечиња.
Тоа е чувство кое не можам да го заменам со никакво материјално богатство.

Имам прекрасна сопруга и две дечиња. Пет години и 7 години, момче и девојче.Фала му на Бога живееме во една прекрасна хармонија, ниеден брак не е совршен, имаме полемики и недоразбирања, но секогаш завршуваат со прекрасен крај, прегратка и бакнеж“, откри Спасен во „Магазин“.May be an image of 2 people, people standing, christmas tree and indoor

Она што сите го гледаме е тоа дека тој е голем вљубеник во спортот, а тоа се одразува и на неговиот физички изглед. Љубител е и на мотори, па често со својот мотор знае да отиде и на интересни места во природа и таму да си ги наполни батериите.

Поради сообрќајната несреќа која ја доживеал повеќе не може да се занимава со екстремни спортови, но љубовта кон моторите останала.

На 29 јануари Спасен наполни 38 години. Чесики за роденденот доби од многу свои роднини, пријатели, колеги и следбеници.

На социјалните мрежи сподели и фотографија од подарокот кој го добил од сопругата.

 

Неговата Ана одлучила ова година да го почести со нов мотор.

„Нова сезона нова играчка. Поклон од сопругата за роденден“, напиша Спасен во опис на фоографиите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...