29.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаСветНатпреварувачот во талент шоуто кој се расправаше со жирито, уби жена во...

Натпреварувачот во талент шоуто кој се расправаше со жирито, уби жена во кафуле!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Музичарот Роман Брнада, познат во регионот како учесник во талент шоуто Суперталент, кој направи скандал среде настап, откако жири комисијата процени дека не пее доволно добро, е човекот кој ја згрози јавноста со свирепо убиство во кафуле во Риека среде бел ден.

<

Како што пренесоа хрватските медиуми, тој вчера попладне седел на иста маса со повозрасна жена во кафуле во центарот на градот и пиеле кафе. Одненадеж, тој станал и ја зграбил жената за врат, започнал да ја удира со раце и нозе и ја завлекол зад шанкот.

Неговата агресија била огромна, а келнерот не можел ниту да реагира од шок. Сведоци на настанот раскажаа дека музичарот често доаѓал во истото кафуле со жената, која според возраст можела да му биде мајка. Нападот врз неа бил толку брутален, што таа починала на самото место, а лицето и било целосно изобличено од ударите. Брнада побегнал, но набргу бил пронајден и уапсен.

Инаку, освен што јавноста го запозна како скандалозниот учесник во Суперталент, тој бил уличен свирач кој изведувал црковни песни.

Во емисијата каде настапи заедно со неговата сопруга Бианка Коломпар, која е виолинистка, иако жирито му кажа да ја напушти сцената, тој не престануваше да пее, а потоа започна и расправија со членовите. Тогаш, Маја Шупут, која е дел од членовите му кажа дека е агресивен, по што тој продолжи да се расправа и и кажа дека пее подобро од неа.

И неговата сопруга се вмеша во кавгата, па настанот заврши со низа на навредливи зборови.

По скандалот, Брнада и неговата сопруга дадоа повеќе интервјуа, во кои раскажуваа дека се многу религиозни луѓе, кои со молитви им помогнале на многумина. Парот има снимено повеќе песни кои ги објавува на музичкиот канал Јутјуб.
За повеќе детали,Тука Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...