18.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаНема да останеме на 18 илјади денари минимална плата- Бектеши најавува 20...

Нема да останеме на 18 илјади денари минимална плата- Бектеши најавува 20 илјади до крајот на мандатот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од март минималната плата ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот минималната плата ќе надмине над 20 илјади денари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

<

Министерот Бектеши потенцираше дека согласно постигнатиот договор, платата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000.

До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот.

Меѓу другото, министерот Бектеши во емисијата појасни дека според новиот закон, минималната плата не може да биде помала од 57 отсто од просечната плата, додавајќи дека со ова законско решение, зголемување на просечната и другите видови на плати, автоматски ќе се зголеми и минималната.

Министерот Бектеши во своето гостување на ТВ 21 информираше и за “Недела неработен ден”, каде додаде дека на секој вработен што ќе работи во недела во секторот трговија поголеми дневници за 100%.

Во емисијата се дискурираше и за приватниот сектор, министерот за економија рече дека Северна Македонија е лидер во регионот во однос на поддршката на приватниот сектор.

Меѓу другото во дебатната емисија се дискутираше и за цената на електричната енергија.

Според Бектеши со мерките кои што ги донесе Владата со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор се обезбеди дополнително домашно производство на струја што на крај влијаеше да нема драстично зголемување на цената за домаќинствата и малите потрошувачи.

Министерот Бектеши увери дека цената на електричната енергија за малите потрошувачи е замрзната, додавајќи дека Северна Македонија поевтина цена на електричната енергија во регионот .

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...