24.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачески: Колегата Петков вчера ми се јави за искинати венци на гробот...

Ковачески: Колегата Петков вчера ми се јави за искинати венци на гробот на Гоце Делчев во Скопје и за искршено стакло на киоск во Битола

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претставници на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија на 10 и 11 февруари ќе имаат средба на која ќе се разговара за отворените политички прашања меѓу двете земји, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

<

– Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисија за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образлагаше основните поставки на разговорите што се водат, изјави премиерот Ковачевски, по посетата на компанијата „Текстил Солушн“, одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти во однос на политичките средби со Бугарија.

Тој се осврна и на вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега Кирил Петков кој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола. Ковачевски го информирал Петков дека МВР согласно регуларните процедури ги прави сите истражни работи за првиот случај, а вториот е инцидент мотивиран од приватни причини.

Петков од Софија се јавува и за нерасчистени семејни расправии на бивши сопружници од Битола, третирајќи ги како инцидент и „омраза кон Бугарите“, а од Скопје нема јавувања кај Петков за правосилни пресуди од Европскиот суд за човекови права за кршење на правата на Македонците во Бугарија, за изјавата на Петков дека „Гоце е Бугарин“, за провокациите од Бугарија дека „Македонците биле Бугари до 1945“, за транспарентот во Софија на кој пишуваше „Македонија е Бугарија“ итн.

Инаку, Ковачевски  говореше и за покачувањето на минималната плата и го обвини „ВМРО-ДПМНЕ дека биле против тоа“, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнале договор.

Покачувањето на платите кои не се дел од минималната плата, нагласи премиерот, е дел на колективно договарање. Тоа колективно договарање, појаснува, има свои партнери зависно од институцијата и зависно гранката во која се одвиваат.

– Во одредени сектори веќе имаме зголемување на платите. Тоа особено се направи во делот на здравството, во делот на негувателите, а исто имавме обид за зголемување на платите во наставниот кадар, поднесовме закон во Собранието за трансформирање на работниот однос на 4 700 наставници од определено на неопределено време при што беше дефинирано и платата да расте со коефициент поврзан со минималната плата, рече Ковачевски.
Денешен.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

3-годишната Софија ја победи леукемијата и прослави победа на Детската клиника во Скопје

На само 3-годишна возраст, таа ја извојува најголемата битка. По месеци исполнети со храброст, солзи, нежност и неизмерна сила, пред еден месец Софи извојува...

Охрид доби уште едно современо и целосно реконструирано спортско игралиште кое ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.

Охрид доби уште едно современо и целосно реконструирано спортско игралиште кое ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески. Спортската инфраструктура е основа...

Петар Богојески ќе предава на Воена академија

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека...

Археолози открија автохтон натпис на сад при истражувања на локалитетот Градиште-Охрид.

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон...