8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСлавески Пресмета: Сега наставниците треба да земаат плата од 44.000 денари

Славески Пресмета: Сега наставниците треба да земаат плата од 44.000 денари

spot_imgspot_img

Професорот пресметката ја прави согласно новата висина на минималната плата и коефициентот за сложеност на работа.

Професорот Трајко Славески синоќа во емисија на Телма телевизија ги појасни своите ставови поврзани со законот за минимална плата кои предизвикаа реакции во јавноста.

– Никој не кажал дека e против она законско редовно усогласување на платата и дополнителното. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Да бидеме начисто никој не е против зголемување на платите, напротив – рече Славески.

Тој јавно праша зошто досега не се усолгасувале другите плати со минималната плата и даде пример колку би изнесувала една усогласена плата во образованието.

Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но, немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот – истакна Славески.

Тој додаде дека донесувањето за минималната плата можеше да биде со помали тензии и со помали поделби во општеството.

– Тоа е така затоа што кај нас синдикати од приватниот сектор речиси и да не постојат. Има податок дека само околу 5 % од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои со месеци ќе се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми и закани – рече Славески.

Славески изјави дека кога ќе праша некој зошто нема синдикати кај приватниците, а 5 години имаме социјалдемократска влада, треба да се знае дека СДСМ ја носи вината зошто е тоа така во приватниот сектор и има вакви тензии во општеството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...