28.9 C
Ohrid
вторник, јули 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонец на граница остана без своето ПОРШЕ, и часовник вреден 115.000 евра!

Македонец на граница остана без своето ПОРШЕ, и часовник вреден 115.000 евра!

Во заедничка акција на царината и полицијата на граничниот премин Прешево спречен е обид за криумчарење на луксузен часовник „Патек Филип“, чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и поршето во кое патникот пристигнал на преминот. Со тоа вкупната вредност на откриениот прекршок достигнала речиси 15 милиони денари.

Овој несекојдневен обид за криумчарење, како што пренесуваат медиумите во соседството, бил откриен вчера кога во претпладневните часови на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед за кој биле издвоени ги демантирал нивните тврдења.

Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква потребна документација, иако станува збор за роба од голема вредност.

Бидејќи пропуштил да ја регистрира стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а бидејќи вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средството за транспорт што се користело за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“.

По судската постапка која се водела по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донел првостепена пресуда со која е изречена парична казна од 150.000 динари и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и транспортно средство „порше 911 карера“).

Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети при прекршокот ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш.

Vecer.Mk

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Левица: Тежок криминал во „Кромберг и Шуберт”- Врз грбот на работниците

​​​​Неколку дена во фабриката „Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми. Криминалниот ланец помеѓу управата во најпрофитабилниот...

На 26-07 во петок, свечено отварања на eтно Ресторанот и вила Бате Боле во село Лешани !!

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани во петок на 26 јули во 19:00 часот  се отвора етно ресторан Бате Боле. Побегнете...

Чавков, Јане Ченто и други осудени за 27-ми април излегуваат од затвор на 30 дена

Осуденици за случајот 27 април се повикале на Членот 225 од Законот за извршување на санкциите, чиишто измени беа изгласани кон крајот на месец...

Директор д-р Асен Шајн ја предаде должоста на новиот В.Д. Директор д-р Горан Маркоски, со желби за понатамошен успех и континуитет во работата.

Примопредавање на функцијата директор на ЈЗУ Општа болница Охрид Денеска во просториите на административната зграда при ЈЗУ Општа болница Охрид, во пријатна работна...