9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабаваОд талентиран музичар во Бостон до произведител на пиво во Битола: Марјан...

Од талентиран музичар во Бостон до произведител на пиво во Битола: Марјан Бакревски за ИНОВАТИВНОСТ откри како дошол до оваа идеја.

spot_imgspot_img

Кога од еден талентиран музичар со диплома од Музичкиот колеџ во Бостон ќе откриете дека е човек кој верува во хмељ и во занаетчиско пиварство, тогаш работите стануваат посериозни.

Марјан Бакревски, по школувањето во Бостон, заминува на усовршување во Салцбург, па во Виена, за конечно да се врати во Македонија и денес да биде професор по инструментот кларинет во Музичкото училиште во Битола, да биде уметнички раководител на Дувачкиот оркестар, но и главниот конспиратор за почетоците на пивото БАК.

Kрафт пиварницата Бакревски, која тој ја покрена заедно со својот брат Горан, е една од ретките крафт пиварници во Македонија, па и во регионот.

Интервју на Љубица Ангелкова за Иновативност.Мк

Господин Бакревски, кога и како започна Вашиот интерес кон пивото?

Студирав во САД и тоа е земја во која пивото како пијалок многу се почитува. Источниот брег на Америка е познат и по тој проевропски шмек кој го има. Бостон беше град во кој за прв пат се сретнав со мини пиварници кои функционираа на многу мал простор и имаа свои пабови во тој ист простор каде доаѓаа луѓе од различни делови на градот, па и државата сé со цел да дегустираат добри пива. По враќањето во Европа, поминав извесен период во Салцбург и во Виена. Австријците веројатно под германско влијание имаат изразена пиво култура, така што тука само го зацврстив интересот кон пивото како пијалок.
Кога се вратив во Македонија со мојот брат Горан, постојано дискутиравме на оваа тема. Не знам како се охрабривме прв пат да пробаме да направиме пиво. Се сеќавам зедовме тенџере од 20 литра и волшебниот сооднос на состојките го мешавме во дневната соба. Потоа купивме уште едно тенџере од 20 литра…сé друго е веќе историја. Денес имаме мини пиварница со капацитет за призводство на 2 тона пиво месечно.

Пиварницата Бакревски е на самиот старт. Кои се Вашите првични планови?

Во финална фаза сме пред регистрирање на микро пиварницата. Најтешкиот дел на подготвување на малиот погон, тестирањето на произвдоството и начинот како ќе се пласира е веќе завршен. Завршено е и брендирањето, односно имиџ визуелизацијата на етикетата. Пивото се вика БАК, етикетата и логото се дело на извонредно талентираниот графички дизајнер Дарко Ристевски-Виљушка кој избра камелеонот да биде на нашата етикета и тој да се менува низ видовите на пива кои ги правиме и перспективно ќе ги правиме. Стартуваме со три вида: јачменово IPA пиво, темно STOUT пиво и пченично, а потоа секако ќе следуваат и други. Во сите фази на нашите подготовки имавме и голем поддршка од нашите драги пријатели од Beer Labs на кои сме им бескрајно благодарни.


Што е тоа занаетчиско, што е тоа крафт пиво?

Тука е најголемиот проблем за одредницата “Craft”. Во Америка тоа е дефинирано со количината на произведено пиво на годишно ниво, но може и голема пивара да направи добро пиво и мала пивара може да направи лошо пиво. Ако мене ме прашувате како е добро да ги дефинираме крафт пивата, јас би рекол наједноставно: За мене крафт пиво е добро пиво! Не се значајни одредниците. Главно, тоа се пива кои се прават во мали серии, а сите состојки се врвни и квалитетни. Базата на добрите пива се добри состојки, но и знаењето. Зошто мора да знаеш да го вариш на начин на кој тоа треба да се прави, добро да го зачиниш, па да одлежи, па уште еден мал милион ситни детали кои прават совршенство.

Кој дел од рецептот за крафт пиво ја има главната улога?

Сите знаат дека светото тројство на пивото е водата, хмељот и јачменот.
Кога сме кај водата таа мора да биде квалитетна вода, со потребни параметри квалитетни за добро пиво.
Јас би додал дека главна улога за правење на добро крафт пиво има пивскиот квасец. Тој е алхемичарот, затоа што ако нема квасец ќе нема ни пиво. Без него нема процес на ферментирање, така што од крафтот ќе остане само проѕирна течност која никој не би ја пиел.
Квасецот е задолжен од ферментираниот шеќер да создаде алкохол, но и да влијае и на стилот на пивото.
И иако на крај ја споменуваме, таа е најважната состојка и веројатно треба да има прво место при набројувањето, а тоа е при подготовка да се внесе многу љубов.
Сакам да акцентирам дека крафт пивото исклучиво се создава од природни состојки. Во него нема никаква хемија, нема вештачки додатоци, емулгатори и конзерванси.

Каде е светот, а каде сме ние кога станува збор за крафт пива?

На светската пивска сцена регистрирани се повеќе од стотина стилови на пиво, крафтот е едно од нив, но она што доминира и по светот и кај нас што главно се пијат индустриски лагери. Се разбира има држави каде културата за пиење на пива кои не се од масовно производство е фантастична. Тука би ги споменал Велика Британија, Ирска, Индија во последно време прави чуда….Сепак, кога станува збор за Македонија, ситуацијата полека, многу полека почнува да се менува. Сé уште незначителен е бројот на регистрирани микро пиварници, мислам дека се само две и имаме мала листа на комшиски создадени пива кои не се регистрирани.
За повеќе детали ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...