17.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаЗабава''На неврохирургија се случи чудо: Лиде Лиде пиеше Макијато правено од рацете...

”На неврохирургија се случи чудо: Лиде Лиде пиеше Макијато правено од рацете на нејзиниот сакан- Венко.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лиде Лиде и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, конечно пиеја кафе. Тие се сретнаа на Клиниката за неврохирургија, каде што Лиде ја носела нејзината мајка на преглед.

<

Кафето го сварил Венко во неговата канцеларија, пред да ја прегледа мајка ѝ, а на Лиде ѝ ветил дека наскоро ќе пијат кафе и во кафуле, откри таа за „Репортер“. Вели дека воопшто не очекувала да го сретне Филипче на клиника кога попладнево тргнала да ја носи мајка си на преглед. Ова следува по објавата на „Репортер“ каде Лиде Лиде ни раскажа за првата средба со ексминистерот ни и проблемите со кои се соочила на работа поради јавните покани за кафе до Филипче.

„Додека чекавме да ја прегледа мајка ми, го прашав кога ќе го пиеме кафето што го вети и јавно. Ми кажа дека веднаш ќе ми направи кафе, ме праша и какво кафе пијам, и на крајот ми подготви макијато. Ја викна и сестрата да нè слика, а потоа ја прегледуваше мајка ми. Па ми кажа дека наскоро ќе пиеме кафе и во кафуле, но повеќето муабети беа за здравјето на мајка ми и понатамошните чекори“, вели Лиде и додава дека кога Венко ги видел снимките на мајка ѝ ги охрабрил дека дијагнозата не е толку страшна колку што мислеле пред прегледот.

„Мајка ми има здравствени проблеми, па ја носев на преглед на неврохирургија. Имавме закажано кај друг лекар и кога стигнавме таму, болничар не спроведе по ходниците до ординациите за преглед. Пред една од нив беше и Венко, па иако носев маска, ме препозна и дојде да се поздравиме. Му кажав кој е проблемот со мајка ми и каде треба да одиме. Ми рече: ‘Дај ми две минути’ и нè прими на преглед, иако не требаше да одиме кај него“, раскажа Лиде за „Репортер“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...