16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаЗабаваПознатата пејачка раскажува за животот на село: Морав да бидам убава 20...

Познатата пејачка раскажува за животот на село: Морав да бидам убава 20 години, а сега не ми требаат тие фасади на лицето за да бидам среќна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Познатата пејачка Ивана Банфиќ, која со своето присуство ја одбележа музичката сцена на поранешните југословенски простори во 90-те живее со својот сопруг и со синчето во селото Стара Дренчина, недалеку од Сисак.

„Не е толку бајковито како што си замислуваме во главата. Ама јас сакам да чепкам низ градината. Тоа ме смирува. А тоа е и некакво ново искуство што го немав“, вели 52-годишната Ивана.

<

Во емисијата Здравје на квадрат раскажа дека преселбата во селото Стара Дренчина, недалеку од Сисак, била одлична одлука.

-До таа одлука живеев 20 години само на високи потпетици, во тесни фустани, а бев сопственост на медиумите, и секогаш морав да бидам супер, и морав да бидам убава – признава, додавајќи дека не било важно дали била болна или тој ден немала волја за ништо – морала да ја заврши задачата што била пред неа.

Одлучив. Јас сум убава и природно. Не ми требаат сите тие фасади за да бидам убава. И нешто се сврте во мене. А кога се сврте? Кога го родив мојот син Јан. Тогаш почнав да се прашувам: Чекај сега! Дали има нешто друго? Зошто сме дојдени овде, на оваа планета, за какви искуства? – вели Ивана.

„За живот и среќа потребно е да се има храна, здрава храна и да се остане здрав што подолго и да се живее што подолго.“, заклучува пејачката.

А рецептот на Ивана за долг живот е да се биде во мир и тишина, да се поврзуваш со природата и често да бидеш на чист воздух. Банфиќ ужива на село со сопругот Круно Ладишиќ и синот Јан. Живеат во куќа што ја наследил нејзиниот сопруг и ништо не ѝ е тешко да направи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...