19.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаOд денеска на 112 можете да повикате полиција, итна помош и пожарна

Oд денеска на 112 можете да повикате полиција, итна помош и пожарна

spot_imgspot_img

Европскиот број за итни случаи 112, од денеска се пушта во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.

Новиот број 112, нагласуваат од ЦУК, е потребно да го знае секој граѓанин. Се работи за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на ЕУ. Целта е да се спроведе како единствен европски број за итни повици со цел да му се помогне на населението во случај на загрозување на нивните животи или материјални добра на државата.

Европскиот број за итни повици беше воспоставен со измените на Законот за управување со кризи. Во законското образложение беше посочено дека воведувањето на бројот за итни случаи 112 и распределувањето на потребните финансиски средства бара измена на широка законска регулатива, која го опфаќа и Законот за електронски комуникации, каде што е веќе имплементиран бројот за итни случаи 112.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наумче Мојсовски и уште 11 лица обвинети за проневера од 5 милиони евра.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади...

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Палевски е осомничен за две кривични дела...

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...