30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМилчин: Заев ме излажа...

Милчин: Заев ме излажа…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владимир Милчин, долгогодишниот директор на Фондацијата Отворено Општество Македонија и со тоа еден од организаторите на Шарената Револуција, вечерва повика на здружување на власта и опозицијата за да се отфрлат притисоците на Бугарија, и оцени дека Македонија треба да остане надвор од Европската Унија, доколку цената што треба да се плати е губење на идентитетот. Во интервјуто за Канал 5, новинарот Гоце Михајлоски повеќе пати ги објаснуваше бугарските ставови и прашуваше дали е тоа истиот оној Милчин кој застапуваше дијаметрално спротивни ставови во времето на Груевски, на што доби одговори дека ЕУ можеби и ќе се распадне, а Македонија треба да се обиде да преговара но без да прави отстапки.

<

Вие викавте дека Македонија не смее да биде изолирана од ЕУ. Мислите дека ЕУ ни треба помалку денес? Мислите дека ние можеме да опстанеме надвор од Европската Унија, прашуваше Михајлоски.

Европската Унија не е иста денес како пред 15 години. Тоа треба да го имаат предвид. Мислам дека ЕУ е помалку привлечна денес.. Дали сите членки на ЕУ напредуваат? Бугарија губи голем дел од населението, ако е толку добро таму зошто не остануваат? Одат надвор. Одат и нашите, ама ние не сме членка на Европската Унија… Нема да ги задржиме луѓето како што ја тераат работата Заев и Ковачевски. Да видиме што правиме со нашата сегашност, утре, задутре. Јас сакам да станеме членка на ЕУ, но тоа не значи дека ја идеализирам ЕУ и дека ако не сме во ЕУ тоа ќе биде еднакво на крај. Вака како што оди, тоа бавно ќе оди. Може да се случи ЕУ и да ја нема. Зошто го исклучуваме тоа како можност? Што е гаранцијата за долговечноста на ЕУ?, изјави Милчин.

Според Милчин, преговорите за влез во ЕУ може да траат предолго, имајќи предвид дека Бугарија отвара минорни спорови, како што беше неодамнешниот инцидент во Битола каде излог во дуќанот на секретарот на клубот Иван Михајлов бил скршен наводно од неговата сопруга. „А да ни даде Бугарија објаснување зошто не ги почитуваат пресудите на судот во Стразбур? Некој од ЕУ треба да ги праша за тоа“, изјави Милчин, обвинувајќи ја Бугарија за минимизирање на нејзината улога во Холокаустот. „Во однесувањето на бугарската страна гледам дека они сметаат дека оваа екипа е мека, и дека тие ќе успеат“, рече Милчин, оценувајќи ја попустливоста на Заев и Ковачевски како причина за засилените бугарски притисоци.

Режисерот воедно го обвини Зоран Заев дека ја излажал јавноста и ги изневерил очекувањата на „шарените“, во поглед на правдата и економијата.

Мислам дека просто не излажа. Речиси за се. Мене лично на пример. Не приватни работи мои. Економијата, правдата.., изјави Милчин.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...