15.4 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаТежок разговор на бугарскиот премиер Петков со новинарот на BBC, Стивен Сакур...

Тежок разговор на бугарскиот премиер Петков со новинарот на BBC, Стивен Сакур (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тежок разговор на бугарскиот премиер Петков со новинарот на BBC, Стивен Сакур (ВИДЕО)
„Да бидеме искрени, и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија, рече познат новинар на Би-Би-Си, Stephen Sackur

<

Дополнително, интересен факт е тоа што Стивен Сакур,за цело време на својата емисија која е една од најпопуларните британски политички ток-шоуа, го користеше името Македонија, при тоа често пати ставајќи го актуелниот Премиер на Бугарија во не баш пријатни ситуации.
Дел од разговорот на Сакур со бугарскиот премиер Кирил Петков за емисијата HARDtalk на BBC:

„Тука се наоѓате на лизгав терен“, му кажа британскиот новинар Стивен Сакур на бугарскиот премиер Кирил Петков при неговото гостување во популарната емисија „Хардток“ на „Би-Би-Си“ .

Сакур реагираше на тврдењето на Петков дека Бугарите немаат законски права во Македонија, и го потсети на бројните пресуди на Европскиот суд за човекови права во врска со македонското малцинство во Бугарија.

„Со сета должна почит, но немаат ниту етничките Македонци во Бугарија, вусшност Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи на таа основа, отколку обратно, за случаи на Бугари чии права се повредени во Македонија. Аргументите ви се слаби. Во крајна линија, се сведува на вашата политичка волја, бидејќи вашиот Претседател вели дека вашата рака подадена кон македонската Влада е грешка, па ќе ви треба поддршка од многу влијателни луѓе во вашата држава ако сакате да ги нормализирате односите со Македонија.

Добри вести се што кога разговаравме со премиерот на Македонија, целосно се договоривме дека Бугарите треба да ги имаат правата кои ги имаат сите Македонци и останатите народи, како што се Албанците, доброто нешто тука, добрата приказна е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е кој е патот да се стигне дотаму. “ рече Кирил Петков за Би-Би-Си.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...