12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаЗабаваПандев го даде првиот гол во дресот на Парма.

Пандев го даде првиот гол во дресот на Парма.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, го постигна првиот гол во дресот на Парма, но во победата на неговиот нов тим над Порденоне од 4:1 во Серија Б, веднаш се повреди и предвреме го напушти натпреварот.

<

Пандев во последниот ден од зимскиот преоден рок во Парма пристигна од Џенова и во вториот натпревар за новиот тим, го постигна првиот гол.

Пандев влезе во игра на стартот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот, успеа да се запише во листата на стрелци и притоа да израмни на 1:1.

Тој одлично се во шеснаесетник на Порденоне и со одличен шут ја смести топката под гредата.
Само неколку минути подоцна Пандев учествуваше во акцијата по која Парма поведе со 2:1. Имено, по неговиот удар голманот едвај ја одбрани топката, на која натрча Ман и од непосредна близина ја смести во мрежата.

По третиот гол за Парма, Пандев заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет по само 25 минути игра, а притоа доби овации од навивачите.
Конечниот резултат го постави Бенедшчак кој влезе во игра токму на местото на Пандев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...