14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПолициски контроли во Македонија: Од 250 автобуси кои превезувале деца, 111 биле...

Полициски контроли во Македонија: Од 250 автобуси кои превезувале деца, 111 биле неисправни.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Технички неисправни автобуси и комбиња, транспорт без соодветни дозволи, бројни сообраќајни прекршоци и непочитувањ
Со технички неисправни автобуси и комбиња во Македонија се превезуваат деца. По случајна селекција на околу 250 возила за само три часа, полицијата исклучила од сообраќај единаесет автобуси кои вршеле јавен превоз на ученици, а откако е утврдено дека се технички неисправни. Дополнително, од МВР велат дека осум автобуси се затекнати без соодветни документи за вршење на јавен превоз, а дел од превозниците не ги почитувале ковид мерките, па се загрозувало и здравјето на учениците.

<

„Биле исконтролирани 249 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 102 локации, при што биле констатирани 8 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 48 прекршоци, од кои 29 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 16 од Законот за возила, 3 од Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Во станица за технички преглед биле упатени 41 возило, а од сообраќај биле исклучени 11 возила кои вршат јавен превоз поради техничка неисправност и други констатирани недоследности.“

Освен автобусите, полицајците ги контролирале и учениците кои се превезувале. Полнолетните средношколци ги легитимирале, а проверувале и дали некој носи оружје.

„За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 277 полнолетни средношколци, а извршени се 2.211 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.“

Во јавноста се покрена прашањето за безбедноста во превозот, особено по траорната несреќа што се случи во Бугарија во која животот го загубија 46 лица, помеѓу кои 12 деца. Раната истрага утврди дека автобусот кој не смеел да биде учесник во слободен сообраќај минал три граници без соодветна документација.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...