14.9 C
Ohrid
среда, март 12, 2025
ПочетнаМакедонијаШто се крие зад Лев Тахор: Децата не ги праќаат на училиште...

Што се крие зад Лев Тахор: Децата не ги праќаат на училиште бидеќи не сакаат да ги учи некој кој тврди дека сме настанати од мајмун, мажите не работаат ништо само се молат, а жените само им готват.

spot_img

Припадниците на радикалната еврејска верска група Лев Тахор, кои деновиве престојуваат во Куманово, го предизвикаа вниманието на јавноста. Групата е составена од десетици странски државјани, кои со своите деца престојувале првин во хотел, а потоа изнајмиле куќа.

<

Начинот на кој тие се облекуваат, функционираат, но и приказните објавени во странски медиуми, во кои поранешни припадници на групата раскажуваат дека минале низ пекол во обиди да побегнат од групата, поради екстремни верски ритуали, па и принудни малолетнички бракови, предизвика загриженост, но и отвори многу прашања во јавноста.

Кои се овие луѓе и зошто дошле токму во Македонија, дали се опасни, има ли простор за грижа?

Групата во јануари годинава престојуваше во населбата Кула, во Сараево. И таму предизвикале загриженост кај соседите кои раскажуваа дека во тек на ноќта слушале детски гласови, песни и изведување на ритуали.

Не комуницирале со никого, а поголемиот дел од денот го минувале во молитва.

Токму поради тоа, екипата на Н1 Сараево ги посетила, и направила интервју, во кое групата раскажува за нивниот начин на живот, и одговара на бројните обвинувања од заедницата.

Во дом без мебел, освен столици и маса, групата се обидела да започне живот во Босна. Како заработуваат за живот и од каде добиваат финансии за да се издржуваат, со оглед на тоа што не работат, туку постојано се молат, нема информација.

Овие лица, 37 на број, првин живееле во Канада. Во тек на ден жените се грижеле за децата, приготвувале храна, а пак мажите по цел ден се молеле. Сами одгледувале овошје и зеленчук, и имале повлечен живот.

Проблемите дојдоа кога локалното население ни испрати социјални работници на врата. Сакаа да не натераат нашите деца да ги пратиме во нивните јавни училишта. Нашата света книга не ги кажува истите работи кои децата ги учат во јавните училишта.

Нема да дозволиме некој да ги учи дека човекот настанал од мајмун, тоа не е начин на кој сакаме да ги одгледуваме. Работите станаа потешки, бевме дискриминирани, па дури и три семејства мораа да одат на суд.

Знаевме што значи тоа, дека ако не ги пуштиме во јавно училиште, децата ќе ни бидат одземени. Затоа решивме да заминеме од Канада – раскажува Естер, која била во Лев Тахор од раѓање.

Кога дошле во Курдистан, имале многу лошо искуство, бидејќи биле држени со денови на испрашување од тамошните служби. Децата им доживеале голема траума, затоа што помислиле дека ќе бидат одземени од родителите.

Кога заминале од таму, се понадевале дека ќе се скрасат во Босна, но и тамошното население ги дочекало со недоверба и страв.

Појаснуваа дека од секаде ги прогонуваат бидејќи се поразлични. Околу тоа дали некој член доколку посака, може да ја напушти групата, одговорија дека тоа е дозволено во секое време.

За сараевскиот медиум Н1 Сараево раскажаа дека ќе си заминат од Босна, но не знаат каде ќе одат. Изјавија дека верата ќе им го покаже патот.

По Сараево, се упатиле кон Албанија, а од таму, дошле во Куманово. Во светот имало околу 250 припадници на Лев Тахор, а групата била формирана во 1988 година.

На почеток живееле во Израел, потоа во Америка, Канада, Мексико… Во Босна се задржале најкратко поради реакциите на заедницата. Не е познато колку долго ќе останат во Македонија.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Дамева со чанта вредна над 3.000 евра додека пратениците ѝ гласаа недоверба

Поранешната претседателка на седницата на која го одржа својот комедичен говор во кој наведе дека таа и нејзиното семејство биле мета од страна на...

Палчо првично мислеше да грабнеме пензиониран директор, а потоа се одлучи за жена

Со сведочење на Велибор Манев, продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Манев низ денешниот распит кажа дека Палчо пукал...

Палчо влета и му испука куршум во слепоочницата на Панче – шокантно сведоштво на Велибор Манев

Обвинетиот Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска во судница даде исказ за двојното убиство. Тој до...

Иљази призна вина за злоупотреба на службената положба на Токсикологија и се спаси од затвор

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија со признание на вина е осудена минатата недела во скопскиот Кривичен суд за злоупотреба на службената положба...