15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗлатната маска што ја знаеме од банкнотата од 500 денари е меѓу...

Златната маска што ја знаеме од банкнотата од 500 денари е меѓу најпознатите и најстари маски во светот- Пронајдена е во селото Требеништа, општина Дебрца.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Златната маска што ја знаеме од банкнотата од 500 денари е меѓу најпознатите и најстари маски во светот. Таа е една од петте пронајдени маски кои припаѓале на членови на древно македонска династија. Локалитетот Требениште ни укажува на богатата култура на античкото македонско племе Енгелани, подоцна познати како Десарети. Датира од железно добата – периодот што и претходи на класичната антика, најверојатно 6ти век п.н.е. Најкарактеристичен е фактот за културата на племето и нивниот погребен култ, кој вклучува златни маски, што не е хеленски и не е посведочен во стара Грција.

<

Етничкиот супстрат на македонските племиња не се стопил со грчкиот.

Енгеланите го населувале охридско-струшкиот регион и ги основале градовите Лихнид (Охрид) и Енхалон (Струга), меѓутоа се составен дел од македонската група племиња познати како Дасарети, кои живееле на север од Епир, односно од реките Апсос и Еордеик. Наде Проева ја докажа поврзаноста на Енгеланите со Бригите, како и нивното учество во формирањето на етногенезата на Античките Македонци.

Енгеланите односно Дасаретите, заедно со Пајонците (живееле по течението на реката Аксиј, од Демир Капија до Таорската Клисура на север), Пелагонците (го населувале денешниот северен дел на Пелагонија), Едонците (населени на север од Пиерида и североисточно од Пангајските Планини), Крестонците (живееле во горниот тек на реката Ехедор, на север од Мигдонија и северозапад од Бисалтија) и Ситонците ја сочинуваат бригиската група племиња.
Бригите ја населувале целата територија на Македонија и се споменуваат во „Илијадата“ како сојузници на Троја. Како стари жители на Македонија ги спомнува Херодот, кој го дава и името на бригискиот крал Мида – запаметен во митологијата по неговата способност сѐ што ќе допре да претвори во злато, додека Хесихиј запишал дека Бригите биле македонско племе што живеело во соседство на Илирите. Коста Аџиевски ја констатира блискоста меѓу бригискиот јазик и јазикот на Македонците и Пајонците, според него бригискиот јазик, ономастиката и нивната материјална култура станале дел од наследството и културата на старите Македонци и Пајонците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...