9.8 C
Ohrid
среда, јануари 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаконот за минималната плата заглави во собранискиот лавиринт, за сега нема најава...

Законот за минималната плата заглави во собранискиот лавиринт, за сега нема најава кога ќе се усвои

spot_img

Седницата за минималната плата заглавена во Собраниските лавиринти. Комисијата за труд и социјална политика иако беше помпезно најавувана дека ќе биде ставена на дневен ред, се уште ја нема никаде. Од Собраниската служба за Алфа велат дека барем за сега нема никаква информација за кога ќе биде закажана и кога ќе се расправа по истата.

Инаку, покачувањето на минималната плата мора да резултира со скалесто зголемување и на останатите плати, бидејќи во спротивно ќе доведе до демотивација и намалена продуктивност, предупредуваат синдикалците. Ваквиот став го делат и од опизицијата, која во целост ги поддржува работниците, кои бараат повисоки плати.

Ковачевски да не бега и неговите пратеници да поддржат покачување на пензиите, а тој наместо наспроти народот да биде со народот. Очекуваме пратениците на СДСМ да поддржат покачување на пензиите кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага. Со тоа ќе се избегне пензионерите да ги почувствуваат негативните ефекти од кризата и нема да трпи нивниот стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на ставот на Ковачевски за новите градоначалници, можеме да кажеме дека тој треба да се огледа во нив и нивната работа, тоа е пример како се работи. Тоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ го имаат направено за 100 дена, тие од СДСМ претходно го немаа направено за 4 години, додаваат од опозицијата.
Паралелно, дека лошо се живее алармираа и над 300.000 пензионери. Добар дел од нив не земаат ниту 200 евра пензија. Највозрасната група граѓани се жали дека нивните примања се многу мали и бараат итна корекција.

Финансиска помош за пензионерите најавува и премиерот Димитар Ковачевски. Тој денеска од Росоман порача дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.

Работиме на методологија којашто ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите. Воспоставуваме дијалог со здруженијата на пензионери и сите засегнати страни, изјави премиерот Димитар Ковачевски, и додава дека дека моментлано се работи на анализи кои треба да бидат презентирани.
Покачување на пензиите и тоа за 3.000 денари по пензионер, бараат и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мора да растат и пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ со амандманот на Законот за минимална плата бара усогласување на платите во јавниот сектор согласно Колективниот договор кој го имаат потпишано синдикатите со министерството, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе се зголемат и до 70%, исто така покачување ќе има и за административно техничкиот персонал. ВМРО-ДПМНЕ дополнително преку Собранието бара зголемување на пензиите за 20%, со што ќе се усогласат со покачените цени, и нема да дозволат пензионерите да влезат во оскудност. Власта да покаже слух и да ги поддржи законските решенија предложени од ВМРО-ДПМНЕ, заклучуваат од опозициската партија.
Од опозицијата со амандмани бараат и усогласување на платите во јавниот сектор, односно скалесто зголемување на сите плати.

Со идното покачување, платите на наставниците во основните и средни училишта ќе достигнат до 45.000 денари, а покачување ќе има и за административно техничкиот персонал.

Инаку, минималната синдикална кошничка за јануари изнесува 35.811 денари и е зголемена за 770 денари во споредба со декември лани, велат Синдикатите.

Најголем пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај централното греење за домаќинствата за 14 отсто, електричната енергија за домаќинствата за 9,4 отсто. Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 4.3 отсто, рибата за 3,5, свежото и разладеното овошје за 3,4, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2,5 отсто, велат од ССМ.
Овие бројки според ССМ покажуваат дека е оправдано барањето за зголемување на минималецот на 18.000 денари и скалесто на сите останати плати, како и на пензиите.

Борис Грујоски Тв Алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина кученцето Феликс кое беше крвнички претепано со метална шипка

Почина кучето Феликс кое кон крајот на ноември 2024 година беше крвнички претепано со метална шипка. Оваа информација денеска ја споделија од ЈП „Лајка“....

Македонија прва во Европа, петта во светот – Ама по загаден воздух

Први во Европа петти во свет, ама по загаден воздух. И денеска Скопје рекордер на листите на најзагадени градови. Единствено пред Скопје на ранг...

Мијалков снимен во Монте-Карло како вози луксузно Ферари !!

Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред скап хотел, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во...

80- метарски црвен крст го осветли Враништа на полноќ за Божиќ

Враништани на уникатен начин на полноќ го најавија Христовото раѓање. Имено долгометарски крст со бакли кој го направија младите враништани го осветли селото ,...