3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаНајголемиот грабеж во историјата на Македонија. Краделе пари со вреќи

Најголемиот грабеж во историјата на Македонија. Краделе пари со вреќи

spot_img

Овој случај е претставен и во Музејот на криминалистика во скопската населба Нова колонија (Идризово). Еден од експонатите во музејот, ‘рѓосана стара дупчалка сведочи за најголемата тешка кражба

Еденен од најголемите грабежи на банки во поранешна Југославија се случил токму во Македонија, поточно во Кавадарци. Овој случај е претставен и во Музејот на криминалистика во скопската населба Нова колонија (Идризово). Еден од експонатите во музејот, р’ѓосана стара дупчалка сведочи за најголемата тешка гражба во поранешна Југославија која се случила во Кавадарци во 1970 година во просториите на експозитура на СОК (Служба за општествено книговодство).

Зградата на СОК во Кавадарци (во позадината) каде бил извршен најголемиот грабеж во СФРЈ / фото извор (ФБ страна на град Кавадарци)

Четири полни вреќи со пари шестмина млади кавадарчани ги криеле во домот на Атанас (еден од крадците) неколку месеци. Кражбата ја извршиле така што влегле во подрумот на ескпозитурата и со обична хидраулична бушалка на која ставиле зашилена метлна шипка и го дупчеле ѕидот под сефот. Идејата била сефот да пропадне во подрумот. Не користеле ништо друго за да не се слуша вревата. Но, го промашиле местото, дупката ја направиле на чекор од сефот. Но, успеале да се протнат горе и го отвориле. Работеле две ноќи и два дена за време на викенд. Парите подолго време ги криеле во куќата на еден од сторителите, а потрошиле само мал дел. Не се знае кој ги издал, односно како полицијата ги фатила.

Кражбата во НЛБ банка е најголема во независна Република Македонија. Главниот извршител, Бобан Смилевски, е осуден на девет години и два месеца затвор, додека неговиот брат Горан Смилевски, второобвинет во случајот, е осуден на шест години и шест месеци затвор. Третообвинетиот Борис Минчевски доби пет години и два месеца, а Мирослав Каевски е условно осуден на две години и судот му изрече забрана за отуѓување и за давање под закуп на недвижен имот. Тие се товарат дека во април 2017 година (и некое време протходно) украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а потоа уште 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Сите обвинети ја признале вината, но не открија што сториле и каде се украдените пари. Со пресудата тројцата првообвинети се задолжени и во рок од една година по правосилноста на пресудата, солидарно да ја надоместат штетата на банката. Во своите завршни зборови Смилевски кажал дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани. Тој нагласил дека не го сторил делото за да се збогати, а дотогаш бил пример во приватниот живот, општеството.

Следен по висина грабеж во Македонија е серијата кражби во експозитури на АД „Македонски пошти“ и на поштенските комбиња со кои се вршел трансфер на парите. Грабежите се случувале инстензивно до пред седум години, а вкупната сума со која е оштетена компанијата е 2,5 милиони евра. Трет по големина грабеж се смета тој на возило на „Стопанска банка АД Битола“ пред седум години, кога во вооружен грабеж на патот од Прилеп кон Битола биле одземени 450 илјади евра. Во септември 2014 година, тројцата вработени во „Охридска банка“ добија кривични пријави оти во период од три месеци со парите со кои требало да се полнат банкоматите од банката украле вкупно 200.000 евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...