16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина Менде Ивановски, земјоделецот кој се залагаше за здружување на земјоделците во...

Почина Менде Ивановски, земјоделецот кој се залагаше за здружување на земјоделците во задруги во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Голема загуба како за семејството, пријателите така и за сите земјоделци во Македонија.

<

Менде Ивановски беше претседател на македонската асоцијација на земјоделски задруги во државата, како и претседател на управниот одбор на земјоделската задруга „Ресгруп“ од с. Волкодери, Ресен.

Ивановски беше поборник за здружување на земјоделците во задруги, кои овозможуваат поголема конкурентност, пристап до пазарите, поголем профит, намалување на производните трошоци и друго.

– Земјоделците треба да знаат дека само здружени и преку форми на задруги може да имаат решение за нивните проблеми околу пласманот на производите. Сѐ уште кај нив влијае искуството од порано во времето на СФРЈ и како функционираа задругите тогаш, но сепак се трудиме да го надминеме ова размислување – рече Ивановски во интервјуто за Агротим во 2020 година.

Ивановски сметаше дека токму затоа треба да се влијае на свеста на задругарите за бенефитите кои ги имаат при користење на заедничката механизација, здружување на работната сила, заедничко аплицирање за грантови и државна помош, окрупнување на земјoделските површини, користење на стандарди во производството, пристап до поголемите трговски синџири и разни други заеднички активности.

.
.
За повеќе детали ТУКА
Јавува Артотим.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...