16.4 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаЦеца виде во мене потенцијал, планирам да се селам во Белград: Андријана...

Цеца виде во мене потенцијал, планирам да се селам во Белград: Андријана Петрушовска за популарноста во „Гранд“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Андријана Петрушовска (22) од Скопје беше меѓу десетте финалистки во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“’. Иако не победи, таа остави впечаток на публиката, освен со настапите и со атрактивниот изглед. Месец дена по финалето, Андријана настапува низ градовите во Македонија, а има и покана да замине за Србија и тим со кој работи на музичката кариера.

<

„Овој период настапувам по клубовите и дискотеките. Со мојот менаџер веќе работиме и на мојата прва песна, зад која стои Лазар Цветкоски и која ќе излезе во септември“, ни откри ѕвездата на Гранд.

 

Една година помина во Белград па вели дека е среќна што била дел од шоуто. Ментор ѝ беше Ѓорѓе Давид, со кого и се слушаат и се гледаат.

„Иако некогаш беше строг, тој ми е како татко и навистина сум среќна што имав чест да работам со него“ вели Петрушовска за „Репортер“ и најави дека се наскоро во Охрид ќе има завршен концерт на финалистите на Гранд.

Со Андријана зборувавме за членовите на жирито, за дружбата со Цеца која во неа видела потенцијал. Вели: „Српската мајка е кралица, а со ќерка ѝ се запознавме во казино“.

Андријана студира соло пеење и свири пијано. Љубовта кон музиката ѝ била од дете, па затоа почнала да пее. Не заради финансии или заради популарноста, но сега веќе е свесна што сè носи овој начин на живот. За коментарите околу облеката, кои беа негативни, вели: „Имаше негативни коментари, многу, но јас решив да ги занемарам. Важно е дека јас за себе мислам дека изгледав супер и не е важно што велат другите“. Зборуваме за долгата врска и додворувачите, кои постојано ѝ пишуваат пораки. „Има и непристојни, но и тоа е дел од цената на популарноста“, вели Петрушовска.  Малкумина знаат дека на еден настап таа носеше крилја од 14 килограми ама и дека пееше во финалето со инјекции и болки во кичмата.

Која е Андријана Петрушовска, што се случува зад завесите на Гранд, што ѝ донесе учеството во популарното шоу, гледајте го интервјуто.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...