17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаЗабаваВо љубовта не смее да има предрасуди вели Рама: Јас сум католик,...

Во љубовта не смее да има предрасуди вели Рама: Јас сум католик, сопругата е муслиманка, две деца ни се православни..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Албанскиот премиерот Еди Рама, синоќа одржа говор на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, каде, меѓу другото, зборуваше и за своето семејство, што ретко го прави.

<

За да им покаже на студентите дека Албанија коегзистира со многу верски заедници, Рама го пренесол примерот на своето семејство.

– Би сакал да го пренесам примерот на моето семејство. Јас сум католик, мојата сопруга муслиманка, нашите две повозрасни деца, од првите бракови, се православни. Ние имаме едно малечко детенце, што може да се реши да стане евреин, нему му останува да ја донесе одлуката. Го споменувам овој пример, бидејќи ова е наследството што го има Албанија, рече Рама.
Во тој контекст тој го спомнал примерот на албанските граѓани кои за време на Втората светска војна не дозволиле ниту еден нивен сограѓанин Евреин да биде однесен во злогласните логори, па до последниот пример на прифаќањето на Авганистанците, кои како што рекол може да останат колку што ќе посакаат „доколку сакаат и засекогаш“.

Понатаму, во неговиот познат стил не заборавил да се пошегува, овој пат на сопствена адреса. Рекол дека е сликар, кој никогаш немал шанса да стане академик, иако извесно време бил професор.
Локално.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...