15.9 C
Ohrid
петок, декември 1, 2023
ПочетнаМакедонијаМакедонците во Албанија против антимакедонската кампања на Бугарија

Македонците во Албанија против антимакедонската кампања на Бугарија

Бугарија преку својата амбасада во Тирана подолг период презема повеќе антимакедонски активности, се со цел македонското малцинство да го прикаже како бугарско, велат претставници на македонското малцинство во Албанија.

Според партијата на Македонците во Албанија и македонските здруженија, антимакедонските активности посебно се нагласени во последно време преку давање бугарски пасоши, стипендии, па и парични средства на етнички Македонци. Македонците во Албанија нагласуваат дека во таа земја има само македонско малцинство, а бугарско малцинство никогаш немало.

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски, за Радио Слободна Европа изјави дека од самото формирање на албанската држава започнуваат напорите на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија, кои традиционално живеат во компактни области долж македонско- албанската граница.

„Оваа бугарска пропаганда е засилена по 2017 година, кога Албанија беше приморана под притисок и закана за нејзиното членство во ЕУ од Бугарија, да признае бугарско малцинство, иако такво малцинство не постои во Албанија. Во законот не пишува каде живее ова малцинство во Албанија, но Бугарија повикувајќи се на овој закон, својата пропаганда ја насочи во регионите каде што традиционално живее автохтоното македонско малцинство во Албанија: Во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, како и во селото Врбник во Деволската област“, вели Стерјовски.

Тој додава дека по наводното „признавање“ на бугарско малцинство, започната е интезивна кампања на Бугарија за негација и асимилација на македонската заедница во Албанија. Бугарската пропаганда посебно е засилена во пресрет на претстојниот попис на население, што треба да се спроведе во октомври 2022 година, за Бугарија да ја оправда својата агресивна политика, но и парите што ги троши за по секоја цена да прикаже бугарско малцинство во Албанија. МАЕИ остро протестира, реагира на сите обиди на Бугарија, која го злоупотребува своето членство во Европската Унија за асимилација на македонската заедница во Албанија и создавање непостоечка бугарска заедница.

Лидерот на МАЕИ Стерјовски за Радио Слободна Европа говори и за неговите активности како екс- пратеник во албанското Собрание за пропагандата на бугарската амбасада во Тирана.

„Во албанското Собрание, во името на Македонска алијанса за европска интеграција, редовно реагирав на сите активности на бугарскиот амбасадор и на официјална Софија за асимилација на македонската заедница и барав од албанската Влада и надлежните министерства и органи, но и од меѓународната заедница во Албанија да реагираат на овие активности на бугарскиот амбасадор и на официјална Софија, поради прекршување на принципите на Виенската конвенција за дипломатските односи и грубо мешање во внатрешните работи на Република Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција бара од Албанија да вложи во развојот на регионите каде што живеат Македонците, бидејќи тоа се најсиромашни региони во Албанија, запоставени во изминатите 30 години, за подобрување на условите за живот и работа и да не дозволиме, поради сиромаштијата, Македонците да станат жртви во обидите за негација и асимилација од страна на Бугарија“, истакнува лидерот на македонската партија во Албанија Васил Стерјовски . За повеќе детали,Тука
Радио Слободна Европа

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На здравје бричење: Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, и треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Мухамед Зеќири доби две и пол годишна затворска казна во предметот во кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, за склучување...

Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште нема никаква трага од 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото. Во...

Спасовски :Добиени се податоци од електронските уреди на Вања и од семејството, пребарано е и речното корито на реката Вардар!!!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава информираше дека се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна...

Американец до смрт ја претепал сопругата: се скарале за трошоците за мачката

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната...