22.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаНа полицијата во Македонија ќе им се забрани да бидат членови на...

На полицијата во Македонија ќе им се забрани да бидат членови на политичка партија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лицата кои сакаат да се вработат во Министерството за внатрешни работи ќе мора да направат тест за интегритет. Освен на новите вработени, и на веќе „постарите“ полицајци ќе им биде направен ваков тест, а истиот нема да трае засекогаш, односно ќе мора постојано да се реоценува. За полициските службеници ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси.

<

Со предложената измена на законот се забранува работник на Министерството да членува во политичка партија, што досега не беше случај. Овие нови правила ги предвидуваат измените на Законот за внатрешни работи, кој е пред пратениците од собраниската Законодавно-правна комисија.

Интегритет и деполитизација на вработените во МВР, оперативна независност на полицијата, воведување обврска за пријавување имот и интереси, се дел од прашањата што се уредени со предлог-измените на Законот за внатрешни работи, кој е пуштен во собраниска процедура, а за кој од МВР велат дека ќе обезбеди висок степен на професионалност и објективност во работењето.

„За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување тест за професионален интегритет“, појаснуваат од МВР.Со предложените измени на Законот за полиција се предлага воспоставување на строги, објективни и професионални критериуми за именување на директор на полицијата кои одговараат на потребите на таквата позиција. Меѓу наведените услови за првпат како услов е предвидено да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија. Некои од новите законски решенија се реализација на обврските за МВР содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024) на Државната комисија за спречување на корупцијата“, додаваат од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...