13.3 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПотресно сведоштво на фармер од делчевско: „Ми ги одзедоа свињите здрави,...

Потресно сведоштво на фармер од делчевско: „Ми ги одзедоа свињите здрави, да ми ги убиjaт!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нашите читатели од селото Бигла, Делчевско ни велат дека по наредба на владата, некој присилно им ги одзима свињите, без да се идентификуваат или претстават од кој институција се.

<

На видео материјалите кои стигнаа до нашата редакција, може да се види дека сточарите даваат отпор со тоа што снимаат во живо на социјалната мрежа фејсбук за да обзнанат за тоа како, според нив бесправно им се одзима стоката. Во снимките, исто така може да се забележи дека еден од лицата задолжени за угинување на стоката, иако облечен во заштитен скафандер, се доближува до сточарот и го гушка, што индицира на работни практики спротивни на протоколите и прописите за здрвствена заштита.

Од агенцијата за Храна и Ветеринарство велат дека на почеткот на годинава Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. Директорот на АХВ Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

На целата територија на Република Северна Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест, а до крајот на месцов ќе се спроведе и вонреден попис на свињите и клинички преглед во огледувалиштата.

Во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип каде целосно е забранет ловот (за сите видови на дивеч), ловните друштва и концесионерите на ловиштата имаат обврска согласно донесеното решение да вршат пребарување на ловиштето за пронаоѓање на угинати диви свињи, земање на мостри од истите и нештено отстранување на угинатите диви свињи. Пронајдените угинати диви свињи треба да се пријават кај официјалените ветеринари.

Стручни тимови составени од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за внатрешни работи, претставници од локалната самоуправа од Општина Делчево и од ветеринарните друштва, од вчерра се на терен и ги спроведуваат наредените мерки со донесеното решение. Во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање), земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.

За повеќе детали ТУКА и Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...