0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПоминаа 22 години откако згасна животот на момчето кое цела Македонија го...

Поминаа 22 години откако згасна животот на момчето кое цела Македонија го сакаше

spot_img

На денешен ден, пред 22 години во Скопје почина Игор Маџиров, познат македонски актер. Тој беше еден од најдобрите актери во Македонија, најпознат по улогите во серијалот „Во светот на бајките“.

Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја доделил улогата на Естој во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат за највисоката холивудска филмска награда Оскар. Јавноста го памети Маџиров како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, а првата улога како седумгодишно дете ја добил во филмскиот серијал „Белото циганче“.

Маџиров остана запаметен по многубројните улоги одиграни во Театарот за деца и младинци, по легендарната серија „Во светот на бајките“ и по неколкуте улоги во „Македонските народни приказни“.

Сепак најмногу го поистоветуваа и препознаваа по улогата на Могли – детето од џунглата.

Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и млади беше последна за него, кога својата улога ја одиграл само осум часа пред неговата смрт. Во Театарот за деца и младинци во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров одиграл над 500 претстави. Роден е во 1970 година во Струмица.

Душа – памук! Црвена коса – оган! Маж – дете!

За него неговите колеги имаат само пофални зборови и убави спомени. Своевремено некои од нив рекоа:

“Секое дете идентификувајќи се со одличниот Игор Маџиров како Могли – детето грабнато од волците, се чувствува моќно да ги победи своите најголеми непријатели – возрасните. Флуидното и еластично тело со кое мајсторски господари овој актер во улогата на детето-волк влева сигурност кај неговата најверна публика, дека и тие можат да го направат сето она што ќе го наумат и посакаат“, напиша режисерката Билјана Гарванлиева за списанието “Блесок“ во 1999-тата година.

Актерката Синоличка Трпкова, колешка и пријателка на Маџиров, за него напиша: “Игор Маџиров. Душа – памук! Црвена коса – оган! Маж – дете! Игор, Малиот Принц од бајките, прерано замина на својата планета. И стрпливо не чека таму, зашто знае дека секој крај е нов почеток, секоја разделба е нова средба. Не постои збор што би ја објаснил неговата спремност да ги одигра сите напишани и ненапишани улоги на овој свет! Да се втурне во креативен оган и да согори до крај, за одново пак да почне. Моќта, што Игор ја имаше да најде покритие и да верува до крај во секој актерски предизвик е реткост.

Човек-актер тоа не го учи, со тоа се раѓа. Она што тој ни го остави останува дел од нас скоро секојдневно, така што дури и не забележуваме дека не бил меѓу нас. Човек дури не може да поверува дека не е веќе меѓу нас, гледаме фотографии со него, го споменуваме во разговори, го оживуваме во нашите мисли. Напати чувствувам дека одеднаш ќе долета со својата црвена грива и со својата насмевка. Затоа што ни е попотребен од секогаш и затоа што недостасува и денес по толку години – многу повеќе од порано. Велат – колку што си оставил трага врз луѓето – толку ќе те паметат! Сеќавањето за него е потребно за да ни даде верба во самите нас – како актери, како публика, како луѓе. Потребен ни’ е како ангел чувар на се’ она чисто, добро, убаво што сме го виделе во него, а сме посакувале секогаш да биде дел од нас. Потребен ни’ е за да не потсетува постојано на раѓањето на едно ново време и на една нова уметност. Твојата судбина беше да бидеш Ангел во светот на актерите.

Верувам не’ гледаш од твојата планета и се насмевнуваш зошто знаеш колку сите ние копнееме да бидеш со нас, за да ни’ раскажуваш за светот на бајките, каде што се сите млади, здрави, убави и добри. Некој рече, да те немаше – ќе моравме да те измислиме. За да не’ потсетуваш на минливоста на животот и за кревкоста на нашите траги во уметноста. Знам дека бдееш над сите нас – твои колеги актери, ни’ даваш сила кога потклекнуваме, не’ храбриш кога снеможуваме, не’ поттурнуваш кога застануваме. Но најважно од се – не’ потсетуваш дека се’ што ќе оставиме зад нас, ќе биде мерка за нашиот живот и нашата уметност. Секогаш ќе те чуваме в’ срце оти ни ја откри тајната на актерското постоење – твојата Ангелска верба во уметноста!“

Случајот никогаш не се расветли до крај

Маџиров имаше само 30 години кога во се’ уште нејасни околности, како што тогаш пишуваа медиумите, наводно си го одзел животот скокајќи од балконот од неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка.

Околу смртта на актерот кружеа многу гласини, вистини и невистини, но случајот никогаш не се расветли до крај.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...