12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаЗабаваСрпски песни во кои љубовта се прикажува како насилство: „Пред вратима спавала...

Српски песни во кои љубовта се прикажува како насилство: „Пред вратима спавала ко пас“ или „Гази ме ту пред свима, Робиња сум твоја Уби ме“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

тудентката Ана Нинковиќ од Србија во петокот објави видео на „Јутјуб“, кое е дел од нејзиниот испитен труд кај проф. Александар Јанковиќ на Факултетот за драмски уметности во Белград.

<

Во него таа направи преглед на домашните и регионалните (ексју) песни, каде што доминираат мотиви на женското понижување како ултимативен доказ на љубовта кон партнерот. Всушност, таа се посвети на машкото насилство над жените во семејно-партнерските односи.

„Во користените песни насилството се релативизира, романтизира, а често и се промовира“, вели Ана во описот на своето видео, кое многу бргу предизвика лавина реакции на Балканот, меѓу кои и Македонија.


Ана во својот труд вели дека песните ги собрала со помош на членовите на групата на „Фејсбук“ – Women’s Affairs, каде што собрала над 100 предлози. Но, во третата и последна фаза изборот го намалила на 36 песни.

Ана додава дека видеото е поделено на две преспективи, женска и машка. Оттаму произлегол заклучокот дека во т.н. женски песни доминира мотивот на безусловна љубов кон партнерот, дури и по цена на страдање, понижување, злоупотреба и насилство, како, на пример, „пред вратима спавала ко пас“ или „само гази, гази ме ту пред свима, јер где има крви, ту и љубави има“. Повеќето припаѓаат на жанрот турбофолк, а единствениот друг застапен жанр е попот.

А кај т.н. машки песни доминира превоспитувањето на непослушната жена со физичка сила, сексуално насилство, кое е причина за неприфаќање, отфрлање и за одмазда со физичко малтретирање на неверната жена, како, на пример, „њени модри хематоми мојој психи годе“. Ги има во повеќе жанрови: (хард) рок, поп, рап, кантри, фолк-рок и само една песна е од жанрот на турбо-фолк-музиката. Кај овие песни доминираат весели музички подлоги, кои тераат на танц.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...