15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаОсма година автопатот Кичево – Охрид се уште незавршен, пробиени се сите...

Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште незавршен, пробиени се сите рокови, а неговата цена е зголемена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен пред 8 години, во 2014та, кај селото Извор, Кичевско, започнува изградбата на автопатот Кичево до Охрид. Автопат долг 57км со вредност од 375 милиони евра во тоа време. Рокот на изградба на овие градежни работи беше 4 години и денеска означуваме 8 години од почетокот на изградбата на овој автопат. Повторувам 8 години, потсети на прес конференција Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

<

-Во тоа време СДСМ не беше на власт и градежните работи се одвиваат со добра и очекувана динамика. Но, за жал 2017та доаѓаат СДСМ на власт. Нивното доаѓање за овој автопат ќе значи и негово стопирање во изградбата. Ќе напоменам само неколку изговори кои последниве 5 години секојдневно ги кажуваат како оправдување зашто скоро и да не работат на изградбата на овој автопат, рече тој и додаде:

1.Лажно тврдеа дека крива е трасата, демек автопатот од Кичево наместо спрема Охрид завршувал кон некое друго место. Нивниот министер за транспорт и врски при едно ТВ излагање несреќно призна и изјави дека ова тврдење е невистинито и дека трасата е на право место и оваа нивна лага падна во вода и веќе не ја повторија.

2.Второ изговори и лаги се дека проектот за изградбата на овој автопат не бил соодветен и дека морало да се допроектира за да може да се гради. Тоа допроектирање трае неверојатни 5 години е нешто на кое сите лица со минимално познавање на градежништвото се смеат и го сметаат како крајно несериозно. Доколку за некоја позиција имало потреба од допроектирање, можеме да се согласиме дека за тоа им биле доволни 6 месеци или година дена, меѓутоа за допроектирање од цели 5 години не го прифаќаме во ниеден случај.

3.Потоа роковите за завршување на изградба на автопатот сами си ги задаваат и сами си ги прекршуваат. Првичниот рок кој што го зададоа беше 30 јуни 2020 година и нормално тој рок го прекршија, си зададоа нов рок кој што сега изнесува декември 2023 година, и со тоа ќе означиме 10 години за изградба на автопат кој што се уште не е готов. Но, од досега приложеното и нивното неработење можеме со сигурност да тврдиме дека и овој рок нема да е исполнет.

4.Чинењето на овој автопат од првични 375 милиони евра денеска стига скоро 600 милиони евра, во 2018 беше потпишан анекс од нови 187 милиони евра. Притоа тогашниот министер за транспорт и врски Сугаревски и Зоран Заев изјавија дека со овој анекс ние штедиме, државата штеди. Се прашуваме како може да штедиме при потпишување на нов анекс од скоро 200 милиони евра. Како може повеќе пари да бидат заштеда за нашиот буџет. Таа нелогичност и ден денеска од СДСМ не ја објаснија.

5.Самото пролонгирање на овој автопат, самото завршување на изведбата во превод значи нови трошоци. Ова лето се потпиша дополнителен договор за надзор на овој автопат во вредност 508 милиони денари, или нешто над 8 милиони евра. Наместо овие пари да завршат за проекти од интерес на граѓаните ќе бидат потрошени за надзор. Доколку овој автопатот бил изграден на време тој немало потреба за овој трошок, за кој ќе дадам и личен коментар дека оваа сума е далеку над пазарната вредност.

-Наместо како држава преку изградба на државната инфраструктура да го јакнеме туристичкиот капацитет на Охрид, Струга и регионот СДСМ потпишува само анекси за пролонгирање на рокови и зголемување на вредноста на чинењето на автопатот. Вакво неработење и неспособност во изградбата на инфраструктурата досега е незапамтено. СДСМ нема капацитет да гради иднина за Македонија, СДСМ мора што поскоро да замине за подоброто на граѓаните на оваа држава, а потоа да гледаат и да учат од нас како преку работа и изградба на државната инфраструктура се сака својата држава, исѕтакна Ивановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...