16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден е роден Македонскиот Револуционер Васил Чакаларов.

На денешен ден е роден Македонскиот Револуционер Васил Чакаларов.

ВАСИЛ ЧАКАКАЛАРОВ – македонски револуционер

Во текот на Балканските војни 1912 – 1913 г во близина на с.Бел камен Леринско, во борба со грчките војски загинал Чакаларов.Бил ранет во нога и над левата града. Целиот крвав продолжил на пука со својот пиштол.Накрај загинува кај месноста Лакото.
По загинувањето Грците му ја сечат главата и набиена на кол со зурли и тапани ја шетат по селата и по улиците на Лерин викајки : “Го нема Чакаларов ,ја нема Македонија”.
Подоцна телото без главата му е погребано во Лакото, а во црквата во Лерин му е погребана главата.

Роден е во с.Смрдеж – Костурско ,Егејска Македонија на 22.02.1874 г.
Бил ѕидар во Шумен а навечер учел средно училиште.Учел француски јазик, а знаел и грчки.
Чакаларов бил бунтовен Македонски војвода, деец на ВМРО и учесник во Илинденското востание и на Смилевскиот конгрес.
За време на Илинденското востание ,покрај Крушево ,ослободени се уште два града во Егејска Македонија и тоа Клисура во Костурско и Невеска во Леринско.На чело на востанието биле Васил Чакаларов, Пандо Кљашев и Иван Попов .Како и Крушево и Клисура и Невеска биле влашки центри.Чакаларов, како и Питу Гули бил влах.
Клисура била слободна дури 22 дена(Крушевската република била слободна 12 дена).Востанието во Егејска Македонија траело два месеца, а Чакаларов бил еден од најголемите легенди од Илинденското востание кој раководел со најголемата чета од 2000 востаници.

Чакаларов бил близок соработник со Гоце Делчев.
За Грците тој бил бандит, разбојник и натрапник на грчката земја и непријател на хелинизмот.
Во 1903г. кај Д,мбени Костурско (кај месноста Локвата и Вињари )се судриле четата на Чакаларов со турците .Загинале 14 четници ,меѓу нив и братот на Чакаларов, Ѓорги.
Чакаларов се борел во двете Балкански војни – еднаш на страната на Грците против Турците, и вториот пат на страна на Бугарите , надевајќи се дека Македонија ќе се ослободи.Се излагал и првиот и вториот пат .
Германос Каравангелис (владика на грчката патријаршија, поставен од грчката влада да ја погрчи Беломорска Македонија) , давал големи пари да се убие Чакаларов.Каравангелис располагал со огромна мрежа на шпиони и андартски чети кои се бореле против Македонците.Ликвидирале многу Македонци, меѓу нив и Чакаларов.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...