Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „200“ на телевизија Алсат рече дека конфликтот меѓу Украина и Русија нѐ наоѓа во поинаква ситуација, бидејќи сме членка на НАТО.
Османи додаде дека и Северна Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија.