12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаФилмот „Медена земја со Атиџе Муратова“ ќе биде адаптиран во друштвена игра.

Филмот „Медена земја со Атиџе Муратова“ ќе биде адаптиран во друштвена игра.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бев фасциниран што со екипа дизајнери успеавме да направиме асиметрична игра која ќе може да се заврши за еден школски час. Тоа значи дека секој од играчите различно игра и различно стигнува до победата – Атиџе на еден начин, сточарот на друг, трговецот на трет, а детето сосема поинаку, вели Самоил Петрески

<

Самоил Петрески е дипломиран новинар, магистер за односи со јавност, на многумина од нас познат како дел од рап-групата „Чиста околина“ и сопственик на првата македонска специјализирана продавница за друштвени игри „Гоблин“. За тоа дали памети каде и со кого ја одиграл првата друштвена игра, вели:

– Бев многу мал кога првпат почнав да играм друштвени игри со сестра ми: „Меморија“, „Не лути се, човеку“ и „Домино“. Вистинската љубов кон друштвените игри ми се роди во основно училиште.

Во недостиг на интересни друштвени игри, со моите двајца најдобри другари почнавме сами да правиме игри. Со еден од нив, Владимир Трајчевски, десетина години подоцна ја отворивме „Гоблин“. Вистинската пасија кон друштвените игри ми се разви на почетокот на 90-тите години кога се појави „Ризик“ и интензивно почнавме со играње на оваа игра. Потоа се „заразивме“ со, според мене ,најдобрата игра – „Magic: The Gathering“.

 

Многу сум горд на фактот дека изминатава година со поддршка со тимот кој стои зад филмот „Медена земја“ успеавме да создадеме истоимена друштвена игра за деца, која треба наскоро да се дели во училиштата низ Македонија! Асиметрична значи дека секој од играчите различно игра и различно стигнува до победата – Атиџе на еден начин, сточарот на друг, трговецот на трет, а детето сосема поинаку. Тоа е нешто што воопшто не е едноставно да се направи да функционира, да биде балансирано и секој од нив да може еднакво да дојде до победа. Згора на сето ова, играта мораше да биде дизајнирана за да заврши за половина час до максимум 45 минути!
За повеќе детали на Факултети.Мк Автор: Александра-Бела

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...