18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаСлавјанка со силна осуда кон Путин.

Славјанка со силна осуда кон Путин.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното одбележување на крајот на заедничката обука на припадниците на ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили со морнаричките специјални сили на САД во касарната „Илинден“.

<

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз која присуствуваше на церемонијата порача дека денешните настани покажаа зошто вештините кои заеднички ги развиваме се важни за Европа.

Оваа вежба, оваа мисија која беше изведена маестрално демонстрираше дека ние навистина сме посилни заедно и иако ние како НАТО сојузници продолжуваме со напорите да бараме дипломатски решенија за руската агресија и да изнајдеме конструктивни исходи, нема да правиме компромиси за основните принципи, кои го вклучуваат правото на секоја земја да го избере својот пат и нашата способност да ги заштитиме и браниме сите сојузници“, изјави амбасадорката Брнз.

Заедничката обука на македонските ренџери и специјалци со нивните американски колеги траеше шест недели и како што заклучија и министерката Петровска и амбасадорката Брнз, таа е уште еден доказ за определбата заедно да ги развиваме способностите и интероперабилноста во Алијансата и дека сојузништвото е пред сè и над сè.

Обуката на македонските и американските војници се реализираше во касарната „Илинден“, на стрелиштето „Стенковец“ и на армискиот полигон „Криволак“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...