24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаМариово трага по исчезнатото 10-годишно момче- Во потрагата се вклучи и МВР...

Мариово трага по исчезнатото 10-годишно момче- Во потрагата се вклучи и МВР со хеликоптер !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од синоќа сѐ уште се трага по десет годишно дете, кое исчезнало вчера околу 16 часот од селото Врбско во Мариово.
Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР. Досега сѐ уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби.

<

Според СВР Битола таткото на исчезнатото дете пријавил синоќа околу 18 часот дека неговиот син го снемало од селото.

Спасе Чакревски, од селото Витолиште меѓу првите се вклучил во потрагата. Раскажува дека таткото со сопругата и трите деца, меѓу кои десет годишниот Петар живеат во Прилеп, а од вторникот биле во селото Врбско каде имаат пчелни семејства. Потрагата била речиси цела ноќ, но, за жал, сѐ уште нема трага од детето. Околината е крајно непристапна, а детето било лесно облечено.

-Околу 20:30 часот синоќа ми се јави службеникот од пограничната поставка во Витолоште и ми кажа дека таткото на исчезнатото дете Стојо Џобески пријавил дека му го нема синот. Секаква трага му се губела околу 16 часот од влезната порта на куќата во селото Врбско. Со четворица службеници први стигнавме во Врбско еден час подоцна, во 21:30 часот и почнавме со потрга низ куќите. Неколку куќи се во селото, нема постојани жители. Безуспешно. По 22 часот повикавме дополнителна помош и стигнаат 30 до 40 теренски возила, најмногу од ловечкото сдружение „Мукос”, но дојдоа и од Битола, дојде екипа од противпожарната единица и дополнително од полициската станица од Прилеп. Јас присуствував на потрагата до изутрината околу четири часа и нема трага од детето. Од изутрината дојде и хелихоптер од Скопје. Баравме со светилки, теренот е многу непристапен. Селото од сите страни е оградено со нискостеблеста шума. Центиметар по центиметар пребарувавме. Во селото и во околината се беше пребарано, но за жал, нема никакви траги. Родителите кажаа дека детето е хендикепирано, не зборува, не е комуникативно и ни потенцираа дека ако забележи дека некој се движи, има можност да се скрие. Лошо е што температурите се ниски, ноќеска беше минус 3 степени, детето е само со една блузичка и танка виндјакна, носело повисоки гумени чизми, објаснува Спасе Чакрески, жител на Витолиште, кој до изутрината учествувал во потрагата и ќе се придружи во попладневните часови.

Чакрески апелира кој може да помогне, ама со теренско возило, зашто теренот кај Врбско е тешко пристапен.

– Апелирам секој кој може да се придружи на потрагата. Ама со теренско возило и да си понесе храна. Од Витолиште до селото Врбско има 11 километри тешко прооден макадам пат. Договараме со луѓе околу 16 часот повторно да одиме и ако треба цела ноќ да трагаме, вели Чакрески.

Од прилепската противпожарна единица велат дека нивната екипа останува на теренот во Мариово и во потрагата по исчезнатото десет годишно момче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...