20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаБогоевски: Што правиме кога утре на Путин нема да му биде доволна...

Богоевски: Што правиме кога утре на Путин нема да му биде доволна Украина и тргне кон Полска?

Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски смета дека моменталниот воен конфликт во Украина не е судир помеѓу само САД и Русија.
-До скоро, Претседател на САД беше Доналд Трамп. Судејќи по неговото однесување кон Путин за време на мандатот и фалбите кои му ги упати по инвазијата во Украина – доколку се’ уште беше Претседател на САД, тој ќе го поддржеше Путин и реакцијата на САД ќе беше практично непостоечка, пишува Богоевски во анализа на состојбата.

Според Богоевски, Украина е суверена и независна држава и како таква има право да се приклучи на НАТО.

-Бидејќи би требало да имаат право самите да одлучуваат за својата иднина (ова е нешто што би требало да е добро познато на нас, Македонците). Бидејки Украинците цела деценија беа под безбедносна закана од Русија и Путин.
Силеџиите како Путин секогаш ќе имаат оправдување за своите постапки. Дали тоа ќе беше некоја друга измислена закана, еднострана историја или “одбрана на руското население од нацизмот” на украинскиот претседател со еврејско потекло е небитно. Доколку Украина немаше аспирации кон НАТО, Путин ќе влезеше со тенкови до Киев уште кога влезе во Крим, во 2014г, додава поранешниот пратеник.

Богоевски вели руската агресија може да доведе до „домино ефект“ низ светот.

-Што правиме ако Кина реши да го направи истото во Тајван? Ако Вучиќ одлучи дека треба “да ги брани” сепаратистите во Босна со тенкови? Што правиме кога утре на Путин нема да му биде доволна Украина и тргне кон Полска? Знам дека ова звучи како приказни за плашење мали деца, ама до пред петнаесет години можностите за три инвазии на тлото на Европа (Јужна Осетија, Крим и остатокот од Украина) од страна на една држава во 21 век звучеа како исто такви приказни, потенцира тој и додава дека „не смее да им се молчи на силеџиите и чудовиштата како Путин, без оглед на цената“.

-Дури тогаш вистински сме ја загубиле битката. Како што и покажува самиот Зелински, одбивајќи ја понудената евакуација од Вашингтон и поминувајќи ги нападите на отворено помеѓу своите граѓани – за некои работи вреди човек да се бори. За некои вредности вреди човек и да умре. Слава и’ на Украина, заклучува Богоевски во своја анализа објавена на социјалните мрежи.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...